Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Град Скопје: Распишана јавна набавка за изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска

Денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски и пратеникот Бојан Стојановски на која беше соопштено дека е распишана јавната набавка за изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, една од најкритичните точки во Скопје, со цел подобрување на безбедноста и проточноста на сообраќајот, стои во соопштението на Град Скопје.

Во прилог изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: „Ѓорче Петров добива модерен кружен тек и започнуваме со вистински промени. Денес ја распишавме јавната набавка за изградба на кружен тек на една од најкритичните точки во Скопје, крстосницата меѓу Ѓорче Петров и Македонска војска. Со тоа обезбедуваме повеќе безбедност, помалку метеж и побрзо движење.
Овој проект е дел од нашата визија Нула несреќи, со која до 2030 година ќе редизајнираме 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, за Скопје да стане град во кој сите учесници во сообраќајот се движат сигурно и без страв.

Во Ѓорче Петров следуваат и други крупни зафати, како ново поврзување на Лука Геров, реконструкција на улицата 101 во Волково, проектирање на Веле Марков како нова сообраќајна артерија и изградба на Шарпланинска со модерна инфраструктура и зеленило.
Овие инвестиции значат подобра мобилност, побезбедни улици и повисок квалитет на живот за целиот западен дел на градот. Продолжуваме посветено со работа, со план и со љубов кон Скопје.“