Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Отворена првата научна конференција за геријатриска и палијативна грижа во Скопје

Со повик за итно стратешко планирање и силна интерсекторска соработка, вечерва, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повик за итно стратешко планирање и силна интерсекторска соработка, вечерва, во Скопје беше отворена првата годишна научна конференција посветена на развојот на геријатриската и палијативната грижа, на која присуствуваа претставници од државните институции, академската заедница и меѓународните организации.

Директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, Ленче Нелоска, истакна дека системот се соочува со сериозни предизвици почнувајќи од недостиг на кадар, до ограничени капацитети и недоволна регионална распределеност на услугите. Во своето обраќање Нелоска подвлече дека Установата има повеќедецениско искуство, но и дека на институциите им претстои голема работа.

– Секоја пресметка и секое прашање во оваа област е одраз на нашата социјална одговорност кон најранливите. Ако денес не поставиме мрежа на установи, капацитети и стручен кадар, за кратко ќе се соочиме со безизлезност каква што веќе гледаме во многу земји, истакна Нелоска.

Реклама

Директорката предупреди дека, и покрај постојните програми, државата нема доволно капацитети, регистри и кадровски решенија за брзото стареење на популацијата и затоа, како што рече, е нивната иницијатива за категоризација на пациенти и категоризација на установи, како и вклучување на локалната самоуправа во правењето на регистрите и листите на потреби. 

– Она што сметам дека е итно и најпотребно е категоризација на пациентите според дијагноза, степенот на попреченост и зависност од туѓа помош. Паралелно со тоа, неопходна е и категоризација на установите, било да се јавни или приватни, дом за сместување, дом за нега и болница за долготраен престој. Специјализираната болница „13 Ноември“ е единствената болница за долготраен престој, и затоа е неопходна регионализација на овој тип установа, рече Нелоска.

Во државата, вели, функционираат пет-шест домови за стари лица со околу 1.600 корисници во приватните и 630 во државните домови, што е под оптималната потреба. Според неа, неопходни се регионализација на геријатриските кревети, категоризација на пациентите и установите, како и поставување јасни патеки за движење на пациентите низ системот.

Министерот за здравство Азир Алиу, пак, во своето обраќање ја нагласи важноста од креирање политики засновани на податоци и реални потреби, прилагодени на демографските промени.

– Постарата популација е хард диск на нашето општество, носител на мудрост и историја. Нашата задача е да создадеме систем што ќе нуди достоинствен живот, не само со години, туку со вредни и исполнети денови, изјави Алиу.

Алиу порача дека новите здравствени политики мора да се темелат на податоци, демографија и реални потреби.

– Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и инфраструктура која е потребна, рече Алиу.