Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура и туризам.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија, во прво читање.

Реклама

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Македонија – Скопје, сите во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.

На Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Македонија – Скопје, сите во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам е една точка на дневниот ред – Активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година.