Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Рудник САСА со еко кампања „Супер добри дела“

Во периодот од 22 до 31 октомври, Рудник САСА, во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 22 до 31 октомври, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите жители на Македонска Каменица. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, општествената одговорност и емпатијата.

Во рамките на активностите, децата од ЈОУДГ „Бамби“, учениците од прво до петто одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и корисниците од Дневниот центар, предводени од своите наставници и асистенти, рециклираа пластични шишиња во вендинг машината во градот, донирана од Фондацијата на Рудник САСА.

За секое рециклирано шише тие добиваа поени, а средствата од рециклирањето – кои со одлука на менаџментот на Фондацијата беа неколкукратно зголемени – ќе му бидат ставени на располагање на Дневниот центар за лица со посебни потреби за набавка на потребни намирници.

Реклама

Како награда за своето учество, децата добија симболични подароци – еко торби и влезници за едукативната театарска претстава со еколошка порака „Марсовски пикник“, изведена во Домот на културата во Македонска Каменица. Претставата, исполнета со хумор, музика и интерактивна игра, на креативен начин ги запозна најмладите со темите за рециклирањето и грижата за планетата Земја.

-Со оваа еко кампања сакавме да покажеме дека секое мало добро дело создава голема промена, како за заедницата, така и за животната средина. Особено сме среќни што преку игра и забава ги вклучивме децата во процесот на учење за рециклирањето и солидарноста, изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина во Рудник САСА.

Еко кампањата „Супер добри дела“ е дел од низата општествено одговорни активности што ги реализира Рудник САСА во рамките на својата долгорочна стратегија за заштита на животната средина, одржлив развој и поддршка на локалната заедница.