Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Економија

Перински: Се прават напори измените на Законот за локална самоуправа да се донесат до 12 септември

Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите.

Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од шест до седум месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на противничките групи во Парламентот.

-Мене ми е жал што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат себе си и да ги поддржат овие законски решенија, затоа што, пред се, овие предлози се однесуваат на зголемување на демократските процеси на локално ниво, рече Перински.

Реклама

Тој нагласи дека измените се однесуваат на референдумскиот отповик на градоначалник, воведување комунална полиција како обврска на градоначалникот и транспарентна емисија на сите седници на советите. Министерот посочи дека целта е да се подобри квалитетот на локалните услуги и демократијата на локално ниво.

Додаде дека ако законските измени не се изгласаат на следната парламентарна седница, не ќе можат да се применат кај градоначалниците со новите мандати. Градоначалниците ќе останат единствените јавни функционери без можност за отповик, нема да може да се воведе комунална полиција и градски архитекти, што според него може да влијае на квалитетот на локалната работа.

Тој истакна дека амандмани на законот предложени од ДУИ и СДСМ, се прифатени и интегрирани, но дека немало конкретни забелешки од нивната страна.

Министерот Перински го коментираше прашањето поврзано со бројот на советници по општините, како дел од измените на Законот за локална самоуправа.

-Уставниот суд ја укина методологијата по која што е правен пописот за која ние гласно зборевме додека бевме во опозиција, не ги укина бројките кои излегоа како производ од пописот. Втора работа пописот го правеше ДУИ и СДСМ и таа методолигија која Уставен ја укина беше создадена од нив, рече Перински.

Министерот додаде дека Владата донела одлука со која ќе се интервенира на бројот на советници онаму каде се намалил или зголемил бојот на жители во рамки на општината.

-Имаше промени во 17 општини, од кои во 14 бројот на советници се намали, а во останатите три се зголеми согласно бројките од пописот, посочи Перински.

Тој истакна дека бројот на советници се одредува согласно членот 34 од Законот за локална самоуправа, кој прецизно дефинира дека се пресметува по број на жители во општината.

-Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за советници, бидејќи тие се жители на друго место, додаде министерот.

Перински нагласи дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот не се оправдани и потенцира дека Владата ги расчистила овие прашања пред да ги предложи измените.