Реклама

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Прилози

🎥 Скопје како повоена зона: Идниот градоначалник на Скопје уште од првиот ден ќе мора да се фати за работа

Делови од Скопје на + 40 без вода. Во деновите кога во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делови од Скопје на + 40 без вода. Во деновите кога во главниот град е пекол, повисоките зони со денови во попладневните и вечерните часови остануваат без водоснабдување. Така беше минатата недела на Водно, а сега проблеми има и во Железара, Автикоманда, Ченто и други делови од општина Гази Баба. За тоа што сред жега скопјани се без вода од ЈП Водовод и Канализација се правдаат дека имало огромна и неконтролирана потрошувачка и заради тоа бил нарушен системот.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Градот Скопје, велат од ЈП Водовод и канализација

Во Скопје не е пекол само ова лето. Но оваа година недостатокот на вода стана главен проблем кој ќе треба да го решава следниот градоначалник. Тој што ќе ја преземе работата од Данела Арсовска факт е дека ќе има полни раце работа. Блокирани јавни претпријатија, сообраќајни гужви, нечист град …. ЈСП е во долгови, приватните превозници неколку пати ги паркираа автобусите, хаос во комунална хигиена.  Вработени во дел од јавните претпријатија штрајкуваа зошто немаа земено плата. За прв пат од осамостојувањето се случи Скопје да остане без јавен превоз, но и со преполни котејнери кои со денови не беа исчистени. И загадениот воздух мора да биде приоритет на новиот градоналаник веалт од невладиниот сектор.

Реклама

Тие посочуваат дека градоначалникот мора да има координација и редовна комуникација со граѓаните. Кој и да биде мора да работи во интерес на Скопје и скопјани и да ги слуша нивните потреби

Локалните избори треба да се одржат во втората половина од месец октомври. До сега официјално потврден кандидат  за Град Скопје од ВМРО – ДПМНЕ е актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓеорѓиевски.