Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Усвоени одлуки за престанок на функциите на 11 судии поротници во Основниот кривичен суд – Скопје

Судскиот совет на Македонија, на денешната 503 седница ги усвои одлуките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на Македонија, на денешната 503 седница ги усвои одлуките на 11 судии поротници во Основниот кривичен суд – Скопје да им престанат функциите.

Претседателката на Советот, Весна Дамева нагласи дека на десетмина судии поротници законски им истекол мандатот за што е добиено известување од претседателот на Судот, а еден судија поротник поднел лично барање за престанок на функцијата.

На седницата беше разгледан и извештајот од спроведеното вонредно оценување на судиите, односно претседателите на судовите кои се кандидати за членови на Судскиот совет.

Реклама

-Објавен е оглас за избор на членови на Судскиот совет, и тоа еден член од редот на судиите од Апелационото подрачје – Штип и еден член од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти од населението во Македонија од сите запишани судии во судскиот изборен именик. Помеѓу другите услови, за избор на член на Советот од Законот за судскиот совет е предвидено судиите да имаат позитивна оценка во работењето во вршење на судиската функција. Со оглед дека последното редовно оценување беше спроведено во периодот 2018/2022 година, неопходна беше потребата од вонредно оценување на кандидатите за што беше формирана комисија од редовите на членовите на Судскиот совет, како и комисии за увид и оцена на судии, истакна Дамева.

Најмногу време на денешната седница, Судскиот совет потроши на разгледувањето на добиените над педесетина претставки за работата на судиите и судовите во државата, при што најголем дел од нив беа одбиени како неосновани или, пак, Советот оцени дека не е надлежен за донесување одлука.

Членовите на Судскиот совет го усвоија и барањето за надомест на патните трошоци на судијка од Основниот суд во Штип, која со решение на Советот времено е упатена на работа во Основниот суд во Берово.