Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.

По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше:

„Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.

Реклама

Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.