Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Фондот на пензиското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, д-р Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување.

Директорката на Архивот, Котлар рече дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.

Директорот на Фондот, Мемов потенцира дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.

Реклама

Исто така, беше констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.