Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

ЕБОР со заем од 26,4 милиони евра помага во енергетската транзиција на Македонија

Со заем од Европската банка за обнова и развој, Македонија ќе инвестира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со заем од Европската банка за обнова и развој, Македонија ќе инвестира во електропреносна мрежа на југоистокот на земјата. ЕБОР му позајми 26,4 милиони евра на АД МЕПСО за изградба на трафостаница во гевгелискиот регион и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1.170 мегавати од обновливи извори кои во моментов стојат неприклучени.

Со овој заем, Македонија се приклучува кон земјите кои инвестираат за да овозможат што поголема енергетска транзиција.

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР. 7,6 милиони евра се обезбедени од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на Европската Унија и половина милион евра од Климатскиот фонд. Претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо се наоѓа во неколкудневна работна посета на Македонија, при што ќе потпише неколку договори, меѓу кои и со банкарскиот сектор. Досега банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во државата.