Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Ребаланс: најмногу се крати од кај владата и одбраната, повеќе пари за МВР, ЦУК и ДЗС

Ребалансот на буџетот ќе влезе во Собрание идната недела. Следниот четврток пратениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ребалансот на буџетот ќе влезе во Собрание идната недела. Следниот четврток пратениците ќе почнат дебата за прекроената државна каса.

Владата планира да собере за 2,6% повеќе пари во државната каса и покрај пониските приливи во првите 6 месеци, особено кај ДДВ и акциза. Планот е да се подобри собирањето на овие два данока и да се зголеми наплатата кај царините за 12%, кај данокот на добивка за 8,4% или за  27 милиони евра, кај данокот на личен доход за 1,4% или за 7 милиони евра. Повеќе пари треба да се соберат и од работниците по основ на пензиско и здравствено осигурување. 364 милиони евра треба да изнесува приливот од административни такси, концесии и неданочни приходи. Од продажба на земјоделско земјиште, општествени станови и дивиденда од Телеком би требало да се соберат 52 милиони евра.

Вкупните расходи се зголемуваат за 5,6%. Кај расходите има поголеми плати и пензии и кратење на трошоци секаде кадешто можело да се скрати и да се пренаменат средства. Најголемо е кратењето кај Влада, од 84 милиони евра на 62 милиони евра. Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата се крати од 22 на 19,5 милиони евра. Помалку пари има за Министерството за односи со заедниците, Министерството за европски прашања. Очекувано повеќе пари ќе добијат Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Се зголемува буџетот на МВР. Се крати од буџетот на министерството за одбрана од 327 милиони на 293 милиони евра. Кај ОТА, буџетот се крати од над 5 на 3 милиони евра. Помалку пари ќе има и Агенцијата за национална безбедност. Дел од експертите велат дека не е лош потегот да се намалат нивните буџети.

Реклама

Гарантираната минимална социјална помош се зголемува за 13 милиони евра. За здравствена заштита ќе има дополнителни 28 милиони евра, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски. Индустриските зони ќе добијат плус 16 милиони евра. Земјоделците треба да добијат за 28 милиони евра повеќе пари за субвенции и исплати. Повеќе пари ќе има и за студентски оброк и стипендии. Предвидена е реализацијата на Проектот за реконструкција на студентските домови, како и изградба на фискултурни сали во основните училишта и рехабилитација на основните и средните училишта.