Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Стојков: Нема крај на притисоците и заканите кон Македонците во Бугарија

Притисоци, закани и институционални неправди трпи македонското малцинство во соседна Бугарија. Нас,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисоци, закани и институционални неправди трпи македонското малцинство во соседна Бугарија. Нас, Македонците не гледаат како непријатели и предавници и одбиваат да прифатат дека постоиме вели за Алфа, претседателот на ОМО „Илинден“, Стојко Стојков. Секој чекор кој го преземаме за зближување на македонското малцинство се бележи како провокација. Двата народи немаше да се караат тврди Стојков доколку ја немаше оваа антимакедонска идеологија во Бугарија.

  • „Проблемот е што, гледате во Бугарија каков е и односот спрема македонската нација и држава. Има едно генерално гледање, Македонци нема и неможе да има и соодветно ние кои што тврдиме дека сме Македонци во Бугарија сме најголем проблем. Тие тврдат дека Македонците во Македонија на сила се направени, од Бугари во Македонци во 1945 година, што е лага, меѓутоа ние сме најдиректно негација на тоа што го тврдат“ вели во изјава за Алфа, Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Македонското малцинство сакаше да отвори клубови во градовите каде што живеат Македонци, но тоа беше спречено а директно се вклучија и државните институции, тврди Стојков.   

  • „Па видете, има цела кампања за да се спречи отворање на македонски клубови. Така се случи и во градот Гоце Делчев. Се спремавме да отвори втор клуб во Бугарија, меѓутоа во последен момент, пред самото отворање, откако претходно се стиснати рацете, сопственикот се откажа во последен момент. Знаете ги притискаат, ги плашат.. “ тврди Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Бугарските власти отворено притискаат и сакаат да се затвори и веќе отворениот македонски клуб во Благоевград. Нападите на македонски здруженија во Бугарија се чести вели Стојков, а бугарската полиција и обвинителството во неколку наврати одбија да направат истраг ба за тоа. И наместо во вакви услови, македонската дипломатија да го помага малцинството, министерот Османи ги навреди основачите, објаснува претседателот на организацијата.

Реклама
  • „Тоа беше една многу несреќна и несманса изјава на министерот. Луѓето кои што помогнаа да се финансира отворањето на овој клуб, тој ги нападна, без причина… Не знам, ги нарече антиевропски и слично. Тие поведоа постапка и за тоа ќе одлучува судот во Македонија. Овие луѓе, но и други исто така помагале и не поддржувале, и навистина беше тажно кога министерот ги нападна нив“ – вели Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и самата организација го тужат министерот за надворешни работи бидејќи во изјава во ноември минатата година искажал понижувачко мислење повредувајќи ја честа и огледот на тужителите нарекувајќи ги сомнителни луѓе со антидржавни ставови. Судењето започна минатата недела, а кон крајот на следниот месец свој исказ во судот треба да даде министерот Бујар Османи.

Викторија Миткова