Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Свет

Путин: Средбата со Шји Џjинпинг и Трамп беше искрена, а Трамп e искрено посветен на ставање крај на војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека денеска имал отворен и продуктивен состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека денеска имал отворен и продуктивен состанок со кинескиот и со американскиот колега, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп изгледа искрено посветен на прекинување на војната во Украина.

Путин рече дека на тристраниот состанок на маргините на самитот на АПЕК во Шенџен биле разгледани прашања поврзани со реформата на ОН, како и прашања поврзани со безбедноста и неширењето оружје. Тој додаде дека состанокот не бил насочен кон постигнување амбициозни цели и дека ниту една од земјите нема да биде принудена да ги спроведува донесените одлуки. Тројцата лидери не се согласиле да одржуваат редовни состаноци во ист формат.

Путин исто така рече дека тројцата разговарале за заканите што би можеле да произлезат од развојот на вештачката интелигенција.

Реклама

Рускиот претседател рече дека односите меѓу Русија и САД можат да се подобрат, а пристапот на администрацијата на Трамп кон Москва дава причина за оптимизам.

Тој исто така рече дека ќе размисли за учество на самитот на Г20 во Мајами во декември, штом ќе разговара за ова прашање со Трамп, за време на нивниот состанок во Кина. Путин рече дека кога ќе одлучи дали да патува во САД, ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија.

Во врска со војната во Украина, Путин рече дека Русија го признава правото на Украина на безбедност, но не кога тоа е на сметка на безбедноста на Русија. Тој ги обвини Киев и европските земји дека не се подготвени за компромис во решавањето на конфликтот.

Путин исто така рече дека Русија ќе ѝ возврати на Украина за нејзините напади врз мостот што ја поврзува Русија со Крим. Тој ги отфрли тврдењата на Киев дека мостот се користи за транспорт на воена опрема и нафтени производи, туку се користи само за цивилни цели.