Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Економија

Се реконструира штипската улица „Слободан Јовановски“

Почна реконструкцијата на улицата „Слободан Јовановски“ во Штип. Во првата фаза од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна реконструкцијата на улицата „Слободан Јовановски“ во Штип. Во првата фаза од градежните активности се работи на изградба на нови тротоари, додека во втората фаза е предвидено поставување соодветна инсталација, осветлување и подземна инфраструктура, а на крајот и асфалтирање. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на прес-конференција истакна дека инвестицијата на оваа улица  се реализира за поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

-Една од активностите која општина Штип ги презема во моментов е реконструкција на улица „Слободан Јовановски“, која во минатото беше една нефреквентна, непрометна улица, периферна, но со текот на времето и развојот на Штип, урбанизирањето на градот се повеќе станува фреквентна улица, која има потреба да биде реконструирана и во име на тоа се започнати активности. Најпрво за изградба на нови тротоари, подоцна за поставување на соодветна инсталација, осветлување, подземна инфраструктура и на крај асфалтирање на улицата. Повеќе од пет милиони денари се одвоени од буџетот на општина Штип за урбанизирање на овој потег. Тоа е потегот од железниот мост на реката Брегалница, до молот, односно Камениот мост – изјави Јорданов.

Тој истакна дека општина Штип работи и на реализација на повеќе инфраструктурни проекти на други локации во градот, а нивната динамика, како што кажа, ќе зависи и од временските услови.

Реклама

-Во моментов се работи на уште неколку улици во нашиот град. Согласно временските услови, јас се надевам дека ќе не послужат топли денови, за да продолжиме со асфалтирање. Знаете дека населба Леваци е зафатена со градежна активност и таму се довршуваат и последните улици од населбата. Се завршуваат и активностите на паркот „Иднина“, кој согласно временските прилики верувам дека во наредните неколку денови и таму ќе се завршат, за да биде пуштен во употреба. Активностите кои се преземат од страна на Општината се во насока на модернзиирање на нашата општина, создавање на посоодветна инфраструкутра, која ќе соодвествува на новото време и новиот начин на живот – изјави Јорданов.