Тројца жители на гостиварското село Чегране се уапсени откако полицијата пронашла бела прашкаста материја во возило и во домот на едно од нив, а други двајца се обиделе да ги прегазат полициските службеници.
Драмата, според МВР, се случувала вчера вечерта, кога бил приведен 26-годишник. При прегледот на возилото „Мицубиши“ со кое управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Со судска наредба подоцна бил извршен и претрес во неговиот дом, каде што повторно била пронајдена истата материја.
Додека полицијата ги преземала службените дејствија пред домот, со возило „БМВ“ пристигнале 24-годишниот В. Ч. и 35-годишниот А. Н., двајцата од Чегране. Според МВР, тие се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им се заканувале по животот, по што побегнале. Набргу биле пронајдени и лишени од слобода.
По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

