Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

„Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“ тема на Форумот на балканските уставни судови

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори четвртата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови, која се одржува во Охрид од 12 до 14 ноември 2026 година, на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“.

Обраќањe имаше и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, а видеообраќања пред уставните судии од регионот имаа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

Костадиновски во обраќањето ги сподели своите согледувања за тоа како уставните судови може да одговорат на демократската ерозија и на притисоците врз нивната независност.

Реклама

– Не знам која е поправилна квалификација – предизвици или криза на правната држава и владеењето на правото? Но она што го знам е дека, без разлика која од нив да ја употребиме, резултатот е безмалку ист – тоа значи предизвик или криза на демократијата. Современите демократии поставуваат нови и многу покомплексни предизвици. Сведоци сме на ослабена улога на парламентите, сѐ посилни извршни власти, појава на демократски ерозии и авторитарни тенденции, кои иако формално се одвиваат во рамките на демократските институции, суштински ги поткопуваат демократските вредности. Истовремено, уставните судови се соочуваат и со еден сосема поинаков предизвик – да ја бранат својата независност и да се бранат од обвинувањата за прекумерен судски активизам. Овие предизвици се дополнително изразени во државите во транзиција, каде што демократските институции сѐ уште се консолидираат, политичката култура е недоволно развиена, а политичките влијанија врз институциите претставуваат секојдневен предизвик – рече Костадиновски.

Тој истакна дека во такви околности улогата на уставното судство добива дополнително на својата важност и одговорност и дека „клучното прашање е како уставното судство да одговори на овие предизвици“. Според него, институционалните гаранции за независност добиваат вистинска содржина кога судијата има знаење, интегритет и храброст да одлучува според сопственото правно убедување. Како втор столб на уставното судство ја издвои довербата на граѓаните, која, како што рече, се гради преку отвореност и аргументирани, разбирливи одлуки. Во тој контекст се осврна на практиката на судот да ја информира јавноста за најзначајните одлуки по секоја седница и на можноста граѓаните да ги следат седниците во живо.

– Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи – истакна Костадиновски.

Во освртот за вештачката интелигенција тој посочи дека технолошкиот развој отвора можности за поефикасна заштита на Уставот и на човековите права. Истовремено, го постави прашањето дали вештачката интелигенција може да ги замени совеста, етиката, моралниот интегритет и независното правно убедување на судијата.

– Форумот на балканските уставни судови ја потврдува вредноста на непосредниот дијалог. Нашите уставни системи имаат свои особености, но прашањата со кои се соочуваме често ги надминуваат националните граници. Заштитата на независноста, авторитетот на уставносудските одлуки и довербата на граѓаните се заедничка грижа. Регионалната соработка ни овозможува сопственото искуство да го преиспитаме преку искуството на другите и навреме да ги препознаеме предизвиците што се присутни и оние што доаѓаат – рече во обраќањето Костадиновски. 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочи дека улогата на уставните судови отвора прашања кои се од суштинско значење за сегашноста, но уште повеќе за иднината на нашите демократски општества.  

​- Владеењето на правото не е само уставен принцип или правен концепт. Тоа е основата врз која се гради довербата меѓу граѓаните и институциите. ​Тоа е гаранција дека моќта има свои граници, дека законите важат еднакво за сите и дека правата и слободите на човекот не зависат од политичките околности.  ​Во време на забрзани општествени промени, политички предизвици и нови глобални неизвесности, улогата на уставните судови станува сè позначајна. Тие се чувари на уставноста, на демократскиот поредок и на темелните човекови права.  Нивната независност не е привилегија на една институција, туку неопходен услов за слободно, правно и демократско општество – рече Гаши. 

​Тој истакна дека како претседател на Собранието цврсто верува оти силата на демократијата произлегува од институции кои се независни во своите надлежности, но истовремено соединети за почитувањето на Уставот и јавниот интерес.  

​- Собранието како носител на законодавната власт има одговорност да создава квалитетни, праведни и применливи закони. Оттаму, уставните судови имаат суштинска улога во обезбедувањето на нивната усогласеност со највисоките уставни вредности. Токму во оваа институционална рамнотежа, во меѓусебното почитување на надлежностите и во доследното спроведување на уставните принципи се препознава зрелоста на едно демократско општество. Едно од централните прашања на оваа конференција е како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови. Верувам дека ова прашање заслужува особено внимание бидејќи довербата не се добива автоматски со институционалниот авторитет. ​Таа се гради секојдневно преку независност, професионалност, транспарентност, доследност и одлуки што се засноваат исклучиво врз Уставот и правото – рече Гаши. 

Тој додаде дека граѓаните треба да бидат уверени оти институциите постојат за да ги заштитат нивните права, а не за да служат на какви било политички или поединечни интереси. 

​-​ Дигитализацијата и вештачката интелигенција отвораат огромни можности за развој, но истовремено носат и нови предизвици за заштитата на приватноста, личните податоци, еднаквоста и основните човекови права.​ Технологијата се развива бргу, но демократските вредности мора да останат непроменлива основа на секој општествен напредок. ​Токму затоа потребен ни е постојан дијалог меѓу законодавната власт, уставното судство, академската заедница и меѓународните институции за современите предизвици да добијат современи, но пред сè праведни одговори – рече во обраќањето Гаши. 

Премиерот Мицкоски во видеообраќањето го поздрави форумот на уставните судии.

– Ја користам оваа можност да ви испратам една порака, која мислам дека е значајна за настанот, а тоа е да бидете чувари на Уставот, да продолжите да бидете чувари на државноста на државите во кои сте уставни судии – истакна Мицкоски. 

Во Охрид два дена уставни судии од Балканот, но и гости од други уставни судови во светот дебатираат за актуелните предизвици и теми.