Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Костадиновски: Политичките притисоци не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

Одговарајќи на новинарски прашања за предизвиците со кои се соочуваат уставните судии, Костадиновски рече дека неговото присуство во медиумите не е за популаризација, туку за справување, како што рече, со манипулациите и невистините за работата на судот.

– Јас и некои мои колеги сме присутни во медиумите не да станеме популарни или да ги популаризираме нашите одлуки, туку да одолеваме и да се бориме со манипулациите и со лагите што се шират за работата и за постапките. Вие видовте пред нашиот Уставен суд имаше протести, имаше шатори, беше поведена постапка за моја интерпелација во Собранието, која јас ја квалификував како најдобар комплимент за мојата работа. Зошто? Затоа што, според мене, постојат два критеруми – дали Уставниот суд и тој што е на негово чело ја работат својата работа правилно. Првиот се граѓаните на улица, кои ми пристапуваат и се задоволни од мојата работа, и вториот е нервозата кај политиката и кај носителите на државните органи. Штом тие се нервозни, тоа значи дека Уставниот суд добро си ја врши својата работа. Од едноставна причина што наша суштествена работа е да ја држиме политиката во правни рамки, да не излегува од рамките и неслучајно во видеото реков – никој нема повеќе право од она што му го дава Уставот. Единствен што ќе ги држи политиката и државните органи во рамките на правото е Уставниот суд – изјави Костадиновски. 

Реклама

Прашан дали политичките притисоци ја прават онаа недоверба на граѓаните кон судската власт, Костадиновски одговори дека која било од властите, ако се соочува со историски најниска доверба, таа е резултат на целиот систем.

– Значи, не може да речеме судската власт има 2 отсто доверба, а другите власти имаат огромна доверба, немаат, затоа што тој е резултат на системот. Значи, имам кажано и дека организацијата на државната власт е како оркестар. Тој оркестар, доколку не е добро наштиман, доколку не комуницира, не изразува почитување, тој ќе личи на ненаштиман оркестар. Ако секој си ја свири својата песна, на што ќе личи тоа? – вели Костадиновски. 

Костадиновски се осврна и на некомплетниот состав на Уставниот суд нагласувајќи дека институцијата треба да функционира со девет судии, како што е предвидено со Уставот.

– На многу места гледаме како политиката, односно како извршната или законодавната власт може да влијае на работата на Уставниот суд, или со назначување подобни, условно кажано, подобни судии или со непополнување на составот на Уставниот суд. Смислата на Уставот е да постои Уставен суд и тој суд да биде составен од девет судии, еве јас сум бил дел од Уставниот суд што работел со пет судии, и тоа речиси две години. Дали е тоа нормално? Значи, тоа е нарушување на смислата и на духот на Уставот. Уставниот суд постои како орган со јасни надлежности и треба да е составен од девет судии, а не од пет. Значи, тоа е еден од начините на влијание на политиката – рече Костадиновски. 

Тој додаде дека Венециската комисија во изминатиот период веќе донесе многу важни правни ставови и дека во многу земји мандатот на уставните судии е ограничен на девет, на 12 години, за да не се создава јаз во работата, празнина во работата на уставните судови, тие дозволуваат мандатите на уставните судии да бидат проширени до изборот на нов.

– Значи, тоа се значајни новини и тие се реакција на овие начини на влијание на политиката врз уставниот систем. Не е сеедно дали судот ќе одлучува со девет судии или со пет или шест – рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски рече дека се надева оти најбргу што може ќе биде комплетиран составот на судот. 

 – Го имам кажано ставот – тоа не е став, тоа е заклучок на судот. Нашиот суд има заклучено дека, условно кажано, таканаречените сензитивни предмети, односно предмети што уживаат многу широк јавен интерес, како што се Законот за употреба на јазиците, хашките случаи и други предмети, ќе се одлучуваат само и само кога ќе биде целосен составот на Уставниот суд. Сè до тој момент не е во ред бидејќи тоа се многу значајни предмети што може да создадат тензии – како што гледате, и создаваат тензии во општеството. Од таа причина, одлуката, т.е. заклучокот на судот е тој. Тогаш кога ќе се комплетира судот, јас тоа веќе сум го кажал и си стојам на зборот, тогаш и ќе се постапува. Не правам компромиси со никој – вели Костадиновски. 

Во врска со новиот Кривичен законик, Костадиновски рече дека сè уште немал увид во неговата содржина, но изрази надеж дека ќе бидат исправени пропустите од претходните измени, кои, според него, биле тежок удар за правната држава.

– Тежок удар на правната држава. Се надевам дека тие грешки што беа направени пред неколку години ќе бидат исправени во новот законик бидејќи, да бидеме реални, во нашата држава како да владее неказнивост и неодговорност и така се нарушува довербата и во целиот систем. Значи, не смее да има недопирливи. Законите и Уставот важат за секого. Уставот има еден принцип. Секој е еднаков пред Уставот и законите, а не некој да е еднаков, друг да е помалку еднаков. Овде зборувам за злоупотребите на службената положба и овластувањето во јавните набавки – вели Костадиновски.

Што се однесува за Алта банка, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, се воздржува од коментар, но вели дека, генерално, во нашата држава имаме суфицит на неказнавност, а дефицит на одговорност. 

– Не само за овој пример, за кој било друг пример, граѓаните може да бидат јасна одговорност и не зборувам за политичка одговорност, зборувам за правна одговорност. Така што, не можам да коментирам воопшто за тој случај затоа што немам информации. Јас сум сепак судија, судам врз основа на факти, докази и аргументи, меѓутоа, генерално, мораме да ја поправиме ваквата состојба во општеството. Сите, без разлика на политичките функции, статусот, сите треба да бидат еднакви пред Уставот и законите – вели Костадиновски. 

На темата за новиот Кривичен законик се осврна и уставниот судија Осман Кадриу, кој изрази скептицизам дека ќе има значајни промени оценувајќи дека повторно се оди кон неказнивост.

Кадриу се осврна и на полагањето на правосудниот испит на албански јазик, при што рече дека не гледа пречка испитот во целост да се полага на албански јазик. Според него, моделот со полагање на дел од испитот на македонски, а дел на албански јазик, во пракса не може да се реализира.