Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Министерката за образование и наука Весна Јаневска престојува во Јапонија, каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска престојува во Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката – информира Министерството за образование и наука.

На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научноистражувачката дејност.

Како што сопшти МОН, министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија.

Реклама

– Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образоваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека некои од идеите за кои денес разговаравме набргу ќе прераснат во конкретни проекти и активности – истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование.

Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми.

– Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА-тестирање, на кое Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати. За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји, се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка – наведува МОН во соопштението. 

Во рамките на агендата министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства.

– Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и в.д. амбасадорката Кристина Стојчевска се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште, кои го изучуваат македонскиот јазик. Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука – соопшти Министерството за образование и наука.