Реклама

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Македонија

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДСM повторно фатени во лага

Алта банка немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алта банка немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез во Македонија, како што лажеа Венко Филипче и СДСM, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Информацијата која ја лиферуваа Филипче и СДСM во јавноста, дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, е голема невистина.

Што е тука вистината?

Реклама

Во Адико банка, Алта банка поседува 9,63% од акциите, додека Дипломат пеј купува удел од 9,99% од акциите.

Во август 2024 година, им биле суспендирани гласачките права на двете компании во „Адико банка“. Регулаторот утврдил дека „Алта пеј“ и „Дипломат пеј“ дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да ги известат надлежните австриски и европски финансиски регулатори, што е законска обврска при надминување на прагот од 10%.

Токму ова е тој документ каде што Алта банка била прекршочно санкционирана.

Во декември 2024 година, „Дипломат пеј“ ги продава своите акции на австриски инвеститор. По ова, во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права за „Алта пеј“, во Адико банка, констатирајќи дека повеќе нема заедничко дејствување меѓу двете фирми.

Токму ова е вистината. Се друго е лага од страна на Венко Филипче и СДСM.

Да резимирам, Алта банка немала никаква забрана за работа од ЕЦБ, туку имала прекршочна казна од австриските регулатори, за ненавремено пријавување на купен удел над 10%. Почитувани граѓани,

Банка којашто би имала забрана за работа од ЕУ, нема можност да влезе во Македонија. Затоа, во Македонија, немало никаква можност да биде забранет влез на Алта банка.

СДСM и Филипче се фатени во лага, се што кажаа излезе сосема спротивно. И за мигрантите, и за ИПАРД програмата и за пензиите, и за извештајот на Томас Вајц, лажеа и за водата во Скопје, а сега лажат и за Алта банка.