Реклама

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Македонија

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, Мицкоски вели дека нема да важат ретроактивно

Измените на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка, кои Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка, кои Владата ги испрати во Брисел на мислење, имаат цел да ги надминат последиците од законските решенија донесени во времето на владата на СДСМ и ДУИ, а ќе се применуваат од нивното донесување па натаму, не и ретроактивно – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка „Лавче“ во Инџиково во општина Гази Баба.

Тој посочи дека главниот фокус на измените е враќање на одредбите што се однесуваат на високата корупција, односно надминување на решенијата со кои, како што рече, пред неколку години биле намалени казните и овозможено е побрзо застарување на кривичните дела. Како дополнителен дел од измените е најавено и воведување ново кривично дело за загрозување на сигурноста во банкарскиот сектор.

– Во суштина, ние испративме во Брисел два закони. Едниот е Кривичниот законик, а другиот е Законот за кривичната постапка, или КЗ и ЗКП, како што популарно ги нарекуваат правниците. Тоа се закони што во времето на владата на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина. И се сеќавате, тогаш тие, злоупотребувајќи го европското знаме, по скратена постапка во парламентот, ги изгласаа овие закони – рече Мицкоски.

Реклама

Според премиерот, тогашните измени имале двојна цел – прво, како што оцени, да се обезбеди амнестија за криминалите за кои постојат основани сомневања дека биле сторени во периодот кога СДСМ и ДУИ биле на власт и, второ, да им се овозможи политичка амнестија на поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се обезбеди нивна поддршка за уставните измени во контекст на францускиот предлог.

– Има двојна цел: првично да се себеамнестираат од сторените криминали за кои постојат основани сомненија додека тие беа влада во тие седум години. И, второ, мислат дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија за да потоа тие им помогнат во намерата да се случат уставните измени како резултат на францускиот предлог. Тоа беше тогашната намера на тие измени во КЗ и ЗКП – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека актуелните законски измени нема да овозможат ретроактивно гонење за делата за кои веќе постојат основани сомневања дека биле сторени во периодот на претходната влада бидејќи, како што објасни, за нив може да се примени поблагиот закон, односно законското решение што било донесено во тој период.

– Не. Тоа не може да важи. Тоа е за отсега па натаму. И секогаш кога ќе слушнете од ДУИ и од СДСМ дека ви зборуваат за борба против криминал и владеење на правото, тогаш треба да се сетите дека токму тие се оние што го нанесуваат фаталниот удар на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата – рече премиерот.

Тој додаде дека Владата очекува мислење од Брисел по што, врз основа на добиените забелешки, ќе биде отворена и внатрешна дебата за предложените законски решенија. Во подготовката, како што посочи, биле ангажирани експерти од областа на кривичното право со поддршка од Брисел.

– Очекувам што побргу да добиеме повратна информација и врз основа на таа информација да почне и собраниската процедура. Така што, ова е уште една суштинска разлика помеѓу функционирањето на оваа Влада и некоја влада од минатото – рече Мицкоски.

Во однос на најавеното ново кривично дело за загрозување на сигурноста во банкарскиот сектор, Мицкоски рече дека тоа е вклучено во измените врз основа на актуелните случувања поврзани со Стопанска банка Битола, односно Алта банка.

Тој оцени дека станува збор за обиди на одредени политички структури да го попречат изнаоѓањето решение за состојбите во банкарскиот сектор додавајќи дека таквите постапки не треба да поминуваат без одговорност.

Како пример за претходни случаи на политичко влијание врз финансискиот сектор Мицкоски го посочи периодот од 2016 и 2017 година кога земјата имала техничка влада. Тој рече дека тогаш заменик-министерот за финансии испраќал писма до странство, со кои, како што тврди, била попречувана тогашната емисија на еврообврзницата. Според Мицкоски, последицата од тоа била зголемување на каматните стапки, што ја чинело државата неколку милиони евра повеќе бидејќи инвеститорите ги зголемиле барањата за принос на обврзницата.

Тој оцени дека слични постапки се случуваат и сега обвинувајќи ја актуелната опозициска гарнитура на СДСМ дека повторно ја користи оваа тема за политички цели.

Мицкоски смета дека воведувањето ново кривично дело би било механизам за спречување вакви случаи во иднина, односно за да не може ниеден политичар да ги злоупотребува прашањата поврзани со банкарскиот сектор за дневнополитички пресметки.