Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Прилози

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Црните сценарија за Алта банка, на кои предупредува СДСМ, според премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црните сценарија за Алта банка, на кои предупредува СДСМ, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе останат само пуста желба на опозицијата. Премиерот очекува успешна продажба на битолската банка, а тоа што мерките постојано се олеснуваат е добар знак. Наместо затворање и пропаѓање на банката, како што, според него, посакуваат од опозицијата, банката полека ги отвора вратите и ги олеснува ограничувањата за граѓаните да дојдат до своите пари. Се враќаат дел од банкарските услуги и се проширува мрежата на експозитури. Мицкоски очекува процесот да заврши успешно и банката да добие нов сопственик.

„Да, можеби треба да внимаваме на сите оние пораки коишто доаѓаат од опозицискиот СДСМ, бидејќи искуството досега вели дека без исклучок сè е невистина. Тргнете наназад, од тоа дека ќе банкротираме, преку мигрантите, па сè до овој случај на Алта банка. Јас сум свесен дека кај нив Фројд работи дури и додека сонуваат и се обидуваат овие хорор-соништа коишто ги сонуваат да ги пренесат на граѓаните. Но, имам чувство, честопати се повикувам на моите чувства, дека нивниот сон нема да биде реалност, односно јаве, и дека тоа што го работиме и тоа што го разработивме изминатиов период ќе резултира со нов сопственик на Стопанска банка Битола и дека сè ќе биде онака како што треба“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Клиентите повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство, а готовина да подигнуваат и во експозитурите на повеќе локации. Покрај Битола, Струмица и Тетово, повторно работи и експозитурата во скопски „Бисер“, а од понеделник, 16 ноември, ќе почне со работа и онаа во Прилеп. Така, граѓаните од сè повеќе места ќе можат да пристапат до своите пари, без да мораат да патуваат во друг град. Мицкоски вели дека постепеното укинување на мерките е добар знак и дека нема причина за ширење паника.

Реклама

„Впрочем, доказ за тоа е и континуираното ослободување од мерките коишто беа применети на самиот почеток. И дали има или нема кеш, јас ве повикувам да појдете во некои од филијалите, да ги прашате граѓаните коишто одат таму и коишто го подигнуваат тоа што им припаѓа, да ги прашате нив дали има кеш или нема кеш. Јас не можам да одговорам, бидејќи немам сметка во Стопанска банка Битола“, изјави Христијан Мицкоски претседател на Владата на Македонија.

Со битолската банка од 1 ноември администрира тим од Народната банка. Целта е да се заштити имотот на банката, но и интересите на штедачите, граѓаните и фирмите кои таму имаат средства. Уште на почетокот беше утврдено дека банката е стабилна, ликвидна и дека нема какви било сомнителни одливи на средства, ниту трансакции како што тврдеше опозицијата. Монетарната власт, но и сите упатени во банкарскиот систем, повеќепати предупредија дека ширењето паника и лажни вести е многу опасно сценарио и може само да го загрози процесот и сериозно да ја наруши довербата во банкарскиот систем, што може да има далекосежни последици.