Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Економија

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Авионската компанија „Флајдубаи“ (Flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авионската компанија „Флајдубаи“ (Flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром „Скопје“. Предвидени се ти лета неделно – понеделник, четврток и сабота.

Со обновувањето на линијата патниците повторно ќе добијат директна воздушна врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност за поврзување со стотици дестинации преку партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу „Флајдубаи“ и „Емиратите“.

Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит ел Гаит, посочува дека повторното воспоставување на линијата ја потврдува посветеноста на компанијата кон поврзување на пазарите што имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи.

Реклама

– Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување пазари што имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „Флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност – изјави Ел Гаит.

Вишиот потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во компанијата, Џејхун Ефенди, оцени дека обновувањето на линијата ќе им овозможи на патниците поголем избор и флексибилност.

– Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти, а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија – вели Ефенди.

Преку партнерството со „Емиратите“ патниците од Скопје ќе може да продолжат кон многубројни дестинации во Австралија и Азија, меѓу кои Шангај и Сингапур, како и кон дестинации од мрежата на „Флајдубаи“, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Патниците ќе имаат можност за единствена резервација и регистрирање на багажот директно до крајната дестинација.

„Флајдубаи“ првпат почна да лета на релација Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а со повторното воведување на линијата, пак ќе биде присутна на македонскиот авиосообраќаен пазар.

„Флајдубаи“ располага со флота од 99 авиони „боинг 737“, а со повторното воведување на линијата до Скопје нејзината мрежа ќе опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.