Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

БДП во 2025 година реално пораснал за 3,8 проценти, по жител изнесувал 9.859 евра

– Бруто-домашниот производ (БДП) на земјава во 2025 година достигнал 1.105.239 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Бруто-домашниот производ (БДП) на земјава во 2025 година достигнал 1.105.239 милиони денари и бележи реален раст од 3,8 проценти во однос на 2024 година, додека номиналното зголемување изнесува 7,1 процент, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Бруто-домашниот производ по жител во 2025 година изнесувал 9.859 евра.

Најголемо учество во додадената вредност во структурата на БДП, од 19,9 проценти, имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, како и објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Реклама

Забележителен придонес во остварениот економски раст имале бруто-инвестициите во основни средства, кои во 2025 година забележале номинален пораст од 9,6 проценти во однос на претходната година.

Финалната потрошувачка учествувала со 80,7 проценти во структурата на БДП, додека учеството на извозот на стоки и услуги изнесувало 60,8 проценти.