Реклама

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Економија

Славески: 80 години централно банкарство – независност, професионалност и интегритет за идни успеси

„Стабилноста ќе остане јавно добро, довербата најскапоцениот капитал, а одговорноста наша обврска“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Стабилноста ќе остане јавно добро, довербата најскапоцениот капитал, а одговорноста наша обврска“, порача гувернерот Трајко Славески на Свечената академија на Народната банка, по повод јубилејот – 80 години централно банкарство.

На Свечената академија во Музејот на Народната банка присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, соработници од бизнис заедницата, меѓународните финансиски институции, како и вработени и поранешни вработени. Беше прикажан кусометражен филм преку кој беа оживеани спомените за активностите, посветеноста и резултатите што ги одбележаа изминатите 80 години централнобанкарско работење.

Гувернерот Славески го честита јубилејот и посочи дека довербата – како темел врз којшто почива успехот на секоја централна банка, секојдневно се зајакнува со јасни одлуки, отворена комуникација и непоколеблива посветеност на јавниот интерес. Потсети на одлуките и чекорите што овозможија Народната банка да стекне име, идентитет и доверба, државата – монетарна сувереност и монетарно осамостојување,  а граѓаните  – стабилност.

Реклама

Претседателката Сиљановска-Давкова  оцени дека Народната банка во изминатите осум децении ги разви своите институционални, аналитички и оперативни капацитети, соочувајќи се со домашните и со меѓународните предизвици и борејќи се за одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс.

„Зад неа се осум децении правен и институционален континуитет и меморија за трансформацијата на финансиските, економските и општествените односи, за домаќинското водење и менаџирање, врз основа на вредностите коишто ги отелотворува, за заслужената доверба којашто ја ужива и за способноста да одговори на предизвиците “, рече претседателката Сиљановска-Давкова, потенцирајќи дека осумдесетгодишното наследство на Народната банка е важна основа за идниот развој, но истовремено и обврска за постојано унапредување на институционалните капацитети.

Во изминатиот период на политички и економски неизвесности, дел домашни, а сѐ поголем дел глобални, Народната банка успешно ја одржуваше  стабилноста на цените, стабилноста на домашната валута и стабилноста на банкарскиот систем.

Според гувернерот Славески, како резултат на визијата, истрајноста и континуираната реформска агенда, Народната банка, ја докажа усогласеноста со европските и глобални стандарди, направи сериозни исчекори во доменот на финансиската стабилност, ги зајакна процесите на одлучување со здрава аналитичка инфраструктура, го применува највисокиот статистички стандард, СДДС плус и е активен двигател на иновациите во ерата на дигитализација и финтек-иновациите. Особено го нагласи членството во СЕПА, информирајќи дека за помалку од една година, надоместоците за прекуграничните плаќања во евра се намалени до шест пати за граѓаните и до девет пати за компаниите. Пред гостите на свечената академија, гувернерот Славески вети дека Народната банка ќе ја чува својата независност, професионалност и интегритет. „Нашата генерација ја наследи оваа институција и нашата должност е да ја предадеме посилна, со повеќе знаење, со поголема доверба, со уште поцврсти институционални темели. И кога една идна генерација ќе го одбележува стогодишниот јубилеј на македонското централно банкарство, би сакал да може да кажат дека ние не бевме само чувари на едно вредно наследство, но и генерацијата која истото го продолжи за поколенијата коишто доаѓаат по нас“, рече Славески.