Фондацијата „Импакт нет“ денеска во Велес ќе ја промовира апликацијата за мапирање на пристапност на институциите за лица со попреченост, родители / старатели со детски колички, лица кои користат помагала при движење и за лица со оштетен слух и вид. Апликацијата е дел од проектот Digital Green Access.
-Младите мапираат за инклузивна демократија. Проектот одговара на долготрајниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физички бариера за лица со физичка попреченост, родители и старатели со детски колички, за лица кои користат помагала за движење и за лица со оштетен слух и вид. Проектот го креиравме со цел зајакнување на граѓанскиот простор преку обезбедување дигитални алатки за инклузивна демократија во институциите чија пристапност и физички бариери не треба да исклучуваат никого и треба да обезбедат трансформација на пристапноста на институциите од скриен инфраструктурен проблем во видлив демократски приоритет, зашто пристапноста и достапноста на институциите не е привилегија туку основно човеково право, соопшти Фондацијата „Импакт нет“ .
На промоцијата ќе биде промовиран модулот Open Doors 4 ALL на мобилната апликација Green Map, а млади ќе упатат пораки до институциите за промена на состојбата и дигитална инклузија.
-Воедно базата на податоци за пристапност на институциите продолжува да се дополнува. Институциите имаат можност и за себепроценка преку прашалник кој е објавен на линкот https://forms.gle/6kFz3Qgqjj2U7NC69, информира фондацијата.

