Интернетот и современите дигитални технологии одамна престанаа ба бидат луксуз и станаа секојдневие за огромно мнозинство од граѓаните на земјава. Најновите податоци на Државниот завод за статистика за коритењето на информациско-комункациските техмологии во домаќинствата и кај поединците за првото тримесечје од 2025 година покажуваат импресивни проценти на дигитална писменост, поврзаност и ширење на онлајн навиките меѓу населението во Македонија.
–Според статистичките податоци, во првите три месеци од годинава, дури 93,7 отсто од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет. Паралелно со тоа инфраструктурната достапност е на завидно ниво. Дури 91,2 отсто од домаќинствата во земјва имаат обезбеден пристап до интернет од своите домови. Овие бројки укажуваат на длабока интеграција на дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, овозможувајќи има на гражаните непречена комуникација, информирање и користење н јавни и приватни електорнски услуги- велат од Државниот завод за статистика.
Дека интернетот е апсолутно неизоставен дел од секојдневието, сведочи податокот дека дури 81.2 отсто од населението го користеле интернетот неколкупати во текот на денот. Интересно е што подеднакво висок процент исто така 81,2 отсто оствариле нарачка или купиле стоки и услуги преку интернет во последните 12 месеци.
-Ова покажува дека граѓаните се повеќе стекнуваат доверба во Е-трговијата, дигиталните плаќања и онлајн платформите за купување. Кога станува збор за намената на користењето на информациксо-комуникациските технологии, најголемо учество од 93.5 отсто имаат телефонирањето преку интернет и видео повиците преку популарни апликации, како скајп, месинџер, вацап, вибер. Веднаш зад нив се наоѓа размената на пораки која опфаќа 88,4 отсто од корисниците главно преку истите платформи-велат од Државниот завод за статистика.
Овие алатки ги рушат географските бариери овозможувајќи има на граѓаните брза, бесплатна и квалитетна комуникација со емејстото, пријателите деловните соработници, како во земјата така и во странство.

