Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК, приоритет нови колективни договори за детска заштита и култура

Стојко Рамов е избран за нов претседател на Самостојниот синдикат за образование,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стојко Рамов е избран за нов претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија (СОНК), на денешниот VIII редовен конгрес на синдикатот. Како приоритети во претстојниот период, Рамов ги најави потпишувањето колективен договор за детската заштита и нов колективен договор за културата, со цел подобрување на економско-социјалниот статус на вработените.

– Ќе се залагам за враќање на достоинството на просветните работници и нивно поставување на местото што го заслужуваат во ова општество. Во претстојниот период треба да се потпише колективен договор за детската заштита и нов колективен договор за културата, така што нѐ чека многу работа. Се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери, со што ќе успееме да го подобриме економско-социјалниот статус на просветните работници во цела Македонија – истакна Рамов.

Во однос на временската рамка за реализација на овие очекувања, тој посочи дека постигнувањето договор зависи од двете страни во преговорите.

Реклама

– Тоа се преговори и не зависи сè само од СОНК, туку и од другата страна. Затоа, треба да изнајдеме заемно прифатливо решение со цел постигнување договор – рече Рамов.

Досегашниот претседател на СОНК, Јаким Неделков, на Конгресот посочи дека покрај сумирањето на резултатите од изминатиот петгодишен период, се очекуваат и промени во раководството. На Конгресот, додаде, присуствуваат околу 270 делегати од целата држава.

Неделков оцени дека социјалниот дијалог треба да продолжи и преговорите да завршат што е можно поскоро. Посочи дека дел од прашањата се усогласени, но дека одредени економски околности го спречиле целосното завршување на разговорите.

– Во делот на детската заштита веројатно има уште многу да се работи, од типот на менување одредби од Законот за заштита на децата, како и измена и дополнување на некои одредби во колективниот договор. Имаме соодветни проблеми и во делот на културата, околу системот на исплата на платите и слично – рече Неделков.

Нагласи и дека треба да се најде соодветна рамка за ученичките и студентските домови, со акт што ќе ги уреди работните односи и исплатата на платите. Како краен рок за завршување на процесите ги посочи 2027 година, со можност тоа да се случи и порано.

– Да не ги заборавиме и ученичките и студентските домови, коишто дефинитивно треба да се стават во соодветна рамка. Треба да постои акт врз основа на кој ќе се работи, ќе се соработува, ќе се договара и конечно ќе се зема плата според документ што ќе биде општоприфатлив за сите во државата, а не поединечно кој како може да земе плата – рече Неделков.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на Конгресот на покана на СОНК, оцени дека досегашната соработка со синдикатот придонела за спроведување на образовните политики. Јаневска му се заблагодари на досегашното раководство на СОНК за соработката и посочи дека една од придобивките е четиригодишниот план за континуирано зголемување на платите на наставниците, кој, нагласи дека треба да продолжи и во март следната година.

Јаневска ги посочи и кариерното напредување на наставниците, подобрувањето на условите за работа и намалувањето на административните обврски како прашања на кои заеднички се работело.

– Една од најголемите придобивки од соработката со досегашното раководство е четиригодишниот план за постојано зголемување на платите на наставниците, што ќе продолжи и следната година во март. Но, и многу други поволности што треба да ги има наставничкиот кадар, како што се кариерното напредување, олеснувањето на условите за работа и намалувањето на администрацијата. Сето ова е соодветно, заеднички сработено – рече Јаневска.

Дополнително, министерката посочи дека МОН спроведува сложена реформа во која ниеден наставник нема да ја изгуби работата. 

– Спроведуваме сложена реформа во која ниеден наставник нема да ја изгуби работата. СОНК е информиран, ние сме информирани и спроведуваме оптимизација. Со задоволство сакам да истакнам дека нашата досегашна соработка дава резултати и се надевам дека така ќе остане и во иднина – рече Јаневска.

На новинарско прашање што подразбира оптимизацијата, со оглед на тоа дека нема да има отпуштања на наставничкиот и професорскиот кадар, Јаневска одговори дека целта е подобрување на образовниот процес и на условите за работа, нагласувајќи дека во меѓувреме нема да има нови вработувања.

– Оптимизацијата значи подобрување на образовниот процес во целина. Генерално, најголемата корист ќе ја имаат учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро во работата, со подобри услови и со соодветно организирани групи. Овој процес би требало да трае најмногу четири години, период во кој ниту еден наставник нема да го изгуби работното место, но во меѓувреме нема да има нови вработувања – рече Јаневска.

Претходно, Неделков оцени дека досегашното спроведување на оптимизацијата било добро менаџирано во соработка меѓу социјалните партнери и дека нема отпуштања на вработени во образованието.