Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Мисајловски: Нов колективен договор, повисоки плати, нова опрема и модернизација на Армијата

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе се реши статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години, нова опрема, модернизација, исплатени обврски – најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, обраќајќи се на свеченоста на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“. Министерот, заблагодарувајќи ѝ се за поддршката на претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и на Генералштабот на Армијата, најави решенија кои се важни за припадниците на Армијата.

– Почитувана претседателке, сакам лично да ви се заблагодарам за вашиот труд вашата посветеност, смелост, храброст и она што секогаш знаете да се јавите да прашате за состојбите и секогаш да ни дадете поттик за она што го работиме. Последниот наш разговор и сакам тоа да биди една убава вест за сите вас, разговаравме и за реформите што треба ги донесат сакаме лично да се заблагодарам на началникот на Генералштабот, на луѓето што се од неговиот тим, на луѓето што се во директоратите, на луѓето во секциите, бидејќи напорно работат. Сакам да ве информирам дека од кога сум министер имаме тужби од 2019-2020 досега, кои се исплатени преку 26 милиони евра додека јас сум министер. Тоа е направено, бидејќи тоа се ваши средства и тоа го заслужувате, но паралелно исплаќаме сѐ по колективен договор. Тоа е нешто што е многу важно за мене но и за сите луѓе во министерството, бидејќи знаат сите процеси како да ги предвидат – рече министерот.

Во обраќањето пред припадниците на армијата, министерот Мисјаловски кажа дека паралелно е набавена нова опрема, пристигнатите се сите возила „страјкери“, „хаубици“, и наведе дека сѐ е исплатено, согласно агендата.

Реклама

– Да, но не беше така кога дојдов како министер. Немаше средства, немаше доволно оставено пари по колективен договор немаше реформи и тоа треба да се каже. Јас сакам тука јавно да го кажам. Но, следуваат и убави времиња бидејќи иако имавме потешкотии, со многу договори посебно ќе го истакнам договорот со Леонардо сакам да знаете дека чекор по чекор внимателно и доследно ќе го спроведеме и од следниот месец треба да се направи или приемот на хеликоптерите ќе стигнат два нови хеликоптер – рече Мисајловски.

Тој информираше дека има најави најави за забрзано производство и пред рокот треба да да стигнат и останатите хеликоптери по договор, посочувајќи дека се сериозни средства кои ќе треба да се одвојат. и исплатат. Во обраќањето, Мисјаловски се заблагодари и на сите синдикати за посветеноста и предлозите кои ги даваат.

– Набрзо ќе донесеме нов колективен договор, се почитува сегашниот, но се она што ќе го предложат синдикатите ќе биде прифатено и ќе направиме нов колективен договор и тоа е важно да продолжи она што следува и сакам оттука да знаете дека ниту едно право што досега го имате нема да биде загрозено – нагласи Мисајловски.

На одбележувањето, тој најави и решени за решение за проблемот на професионалните војници кои навршуваат 45 години.о

– Сакам да бидете информирани дека долго време работевме со началникот и со синдикатите и со останатите директорати но и со многу луѓе и старешини во армијата да најдеме решение за професионалните војници кои навршуваат 45 години. Работевме и благодарен сум многу за ова решение, бидејќи произлегува од армијата, произлегува од луѓето што ја носат униформата сакам да бидете свесни дека веќе ова решение помина на колегиум во Владата и ќе се најде на седница на Влада уште следната недела. Но, потоа ќе ве повикам сите и ќе ве избрифираме заедно со началникот се разбира за да ви кажеме дека ниту еден од вас што завршува 45 години нема да биде заборавен тука ќе му биде местото во армијата и ќе остане сѐ до негова пензионирање. Но тоа набрзо ќе го слушнете кога ќе помине одлуката на влада, но јас ќе давам се од себе повеќе опрема, повеќе средства нема подобри примања но за ова и во решение – рече Мисјаловски.

Тој се заблагодари на претседателката за поддршката, на началникот и на припадниците на Армијата им порача дека ја имаат неговата максимална поддршка и доверба.

– И во наредните години ќе продолжиме со многу многу процеси исто така сите генерали. но и сите вие што давате се од себе и чесно работите и помагате за да се подобрат состојбите да знаете дека во мени имате најголем пријател-рече Мисајловски. 

Командата за операции, денеска го одележува Денот на единицата-17 Октомври. Покрај министерот, обраќање имаше и претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Силјановска Давкова. Присуствуваа високи делегации, меѓу нив и началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лачиски, пратеници, одбранбени аташеа, команданти.