Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јанев: Со меѓународна соработка и јакнење на полициските капацитети до поефикасна борба против современите закани

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Скопје учествуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Скопје учествуваше на работилница за истраги за компјутерски криминал, организирана со поддршка на Амбасадата на САД. Тој истакна дека меѓународната соработка, размената на знаења и континуираното јакнење на полициските капацитети се клучни за справување со современите безбедносни закани.

На работилницата „Истраги за компјутерски криминал“, што се одржува  денеска во Скопје, учествуваат полициски службеници од централните и регионалните служби во состав на Бирото за јавна безбедност.

Во своето обраќање, Јанев посочи дека дигиталниот простор носи сè посложени безбедносни предизвици, а компјутерскиот криминал и хибридните закани бараат современи истражни пристапи, континуирано усовршување и навремена размена на информации.

Реклама

Тој нагласи дека соработката со Федералното истражно биро (ФБИ) се унапредуваат професионалните капацитети на македонската полиција, се разменуваат искуства за современите истражни методи и се зајакнуваат способностите за откривање и истражување на компјутерскиот криминал, како и за обезбедување дигитални докази од онлајн платформите.

Директорот Јанев упати благодарност до Амбасадата на САД во Скопје, американското Министерство за правда (Department of Justice) и програмата ICITAP за континуираната поддршка, споделеното знаење и партнерството, кои придонесуваат за конкретно унапредување на капацитетите на македонската полиција.

-Нашата цел е јасна – поддршката од партнерите да ја преточиме во трајни знаења, сопствени капацитети и одржливи решенија. Како Министерство, сè повеќе ќе инвестираме и со сопствени буџетски средства и со нашите човечки и професионални ресурси во модернизацијата и јакнењето на полициските капацитети. Само така можеме да изградиме отпорен, ефикасен и одржлив безбедносен систем, подготвен да одговори на денешните и идните закани- истакна директорот Јанев.

На крајот од обраќањето, директорот на БЈБ посочи дека меѓународното партнерство и заедничкото градење капацитети се основа за поголема меѓусебна доверба, подобра превенција и побрза реакција, со крајна цел унапредување на безбедноста на граѓаните.