Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Артан Груби може да го напушти домот, но не и државата. Иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби може да го напушти домот, но не и државата. Иако официјално излегува од дома,  пасошот му останува во суд. Може да излегува од дома, но не смее да излезе од Скопје откако му истече максималниот законски рок за мерката куќен притвор. Сепак судот не процени дека имотот што го понуди одбраната во вредност од 335 илјади евра како гаранција за присуството на Груби во текот на судската постапката е доволно за да ги убеди да му ја вратат патната исправа.

Но заработи и нови забрани, на сила стапуваат и други мерки на претпазливост – освен што не смее да го напушти Скопје, има обврска повремено да се јавува во суд и не смее да комуницира со одредени лица.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа:

Реклама

-Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште,          

-Обврска повремено да се јавува во судот,

-Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица.

Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница.“- велат од Основниот кривичен суд.

Груби излегува од дома, затоа што според законот, мерката куќен притвор може да трае најмногу 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог, во овој случај тој беше поднесен на 13 август. Одлуката следи по разгледување на сите факти со оглед на тоа што Груби беше во бегство повеќе од 1 година.

Тогаш кажа дека не бега од правдата туку отишол да заврши некоја работа по што веднаш ќе се врател во Македонија. Се врати, но после 14 месеци кога доброволно се предаде на полициските злужбеници на граничниот премин Блаце. На првото рочиште за случаот Државна лотарија се изјасни за невин. Инаку Груби е обвинет во случајот „Државна Лотаеија“ заедно со поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шестмина. Тие се товарат за незаконска набавка на апарати за игри на среќа во текот на 2023 и 2024 година. Според обвинението ,

тие ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната Лотарија “ во износ од 9,7 милиони евра.