Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Кабинет на Сиљановска-Давкова: Темите на средбата со претставничките на Здружението „Јас Сум Жена“ се наведени во официјалното соопштение, не се разговараше за ограничување на репродуктивните права

Во врска со прашањата упатени до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од нејзиниот Кабинет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со прашањата упатени до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од нејзиниот Кабинет информираат дека темите за кои се разговарало на средбата со претставничките на Здружението „Јас Сум Жена“ се наведени  во официјалното соопштение и оти не станало збор за абортусот, ниту за ограничување на репродуктивните права на жените.

-Потсетуваме дека средбата се одржа со претставничките на Здружението „Јас Сум Жена“, во пресрет на претстојната конференција, а не со претставнички на здружението „Мајки за Македонија”. Ставот на претседателката за правото на абортус останува непроменет: секоја жена има право самостојно да одлучува за сопственото тело, здравје и живот, како израз на личната автономија, достоинството и слободата на избор – се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Како претседателка на сите граѓани, се додава во него, Сиљановска-Давкова останува отворена за дијалог со невладиниот сектор, а средбите со граѓанските организации не треба да се толкуваат како согласување со нивните ставови по сите општествени прашања.

Реклама

Ова соопштение е реакција на отвореното писмо што здружението Мрежа за заштита од дискриминација денеска го упати до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со нејзината средба со претставничките на здружението „Јас Сум Жена“.