Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Мицкоски: Ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување со енергенти, без осцилации во цената или количината

Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување со енергенти, без осцилации во цената или количината – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија, Мицкоски напомена дека Владата работи на тоа од јануари цената на струјата да биде пониска или да продолжи евтината тарифа.

Од аспект на грејната сеозна и количините електрична енергија, премиерот не очекува турбуленции. Како што истакна, очекувам најмалку иста состојба како сега, да нема никакво покачување или скокови. 

Реклама

И во однос на гасот, Мицкоски не очекува какви било шокови иако смета дека е можно во европски рамки цената двојно, па дури и тројно да се зголеми.

– Зголемената цена на струјата е на берзите, не кај нас. Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните откако е оваа Влада не е покачена и така ќе остане. Работиме на таа проблематика и од јануари цената најмалу да остане иста, а работиме и на тоа да има поевтинување или продолжување на евтината тарифа. Ние навреме ги чувавме нашите акумулации, тие се сега некаде на 50 отсто, се ремонтираат или завршуваат ремонтите во термоенергетските постројки. Временската прогноза вели дека полната грејна сеозна би почнала меѓу 2 и 5 ноември, а до тогаш целокупните подготовки ќе бидат завршени иако веќе три четвртини се завршени – истакна премиерот.

Според него, Македонија навреме го потпиша договорот со Косово за јагленот, со кој значително ќе се намали цената на чинење на произведениот мегават-час електрична енергија во нашите производни капацитети.

– Вода имаме. Од аспект на грејната сеозна и количините електрична енергија, не очекувам турбуленции. Очекувам најмалку иста состојба како сега, да немаме никакво покачување или скокови. За гасот, не сме голем корисник. Резервите се од 25 до 50 отсто пониски од петгодишниот европски просек и во Европа ќе има голем предизвик поради таквата ситуација во моментот. Очекувам цената на гасот можеби да удвои, па и тројно да се зголеми оваа зима, но тоа кај нас нема да има големо влијание зашто ние најчесто користиме когенеративни постројки, кои истовремено произведуват топла вода за згаревање, а потоа од пареата и електрична енергија, со што се амортизираат влезните трошоци. Значи, имајќи предвид дека не сме голем корисник и со оглед на технологијата, не очекувам какви било шокови – посочи Мицкоски.

За нафтата, дополни, се прават калкулациите, а мерки веќе има.

– Македонија има убедливо најевтина гориво во Европа. Сите ние купуавме од исто место, без разлика дали купува Норвешка, Германија, Франција… Цената што ја добиваме е иста. И, денес, кога имаме криза, повторно цената е иста. Кога купувате производ од исто место, не можете да го споредувате со куповната моќ на граѓаните, тоа е исто како да споредувате кајсии со лимони. За нас е важно она што е товар врз цената и тоа е најмало, нашата акциза за дизелот е 15,5 денари, околу 25 центи, а во другите земји е едно евро. Тука се гледа како се однесува државата кон социјалниот мир во општетсвото. Можеме да споредуваме кајсии со кајсии, лимони со лимони и круши со круши, а не едно со друго овошје или краставици со кајсии – рече Мицкоски.

Тој повтори дека земјата нема да воведе забрана за реекспорт на горива.

– Подготвени сме и тоа е успехот што го направи оваа Влада – да дозволи конзум дома и реекспорт. Нема како други држави да воведеме забрана за реекспрот на нафата и нафтените деривати. Веќе имаме поевитни акцизи, прогласена е кризна состојба и како резултат на тие мерки имаме до половина евро за литар пониска цена на бензините во споредба со соседите во регионот. Тоа предизвика да имаме до 50 отсто зголемен козум на некои бензински пумпи, особено во пограничните делови. Инаку, секојдевно разговараме со увозниците, уверени сме дека количини има доволно, продуктоводот е полн, државните резерви се солидни, не гледам во овој момент можност и причина за стравување во текот на зимата. Загрижен сум за тоа – до кога сето ова ќе трае и на тоа прашање никој во светот не може да даде одговор до кога ќе трае кризата – рече Мицкоски.