Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Одлуката на Исланд да даде црвено светло за Европската Унија, не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Исланд да даде црвено светло за Европската Унија, не се очекува да ја промени политиката на Брисел во однос на итноста од проширување. Македонија не треба да биде одвратена од амбицијата да биде дел од големото европско семејство. Според експертите било какви антиевропски приказни, кои се повикуваат на исландскиот референдум, не смее да се сфатат сериозно.

Претседателот на Инстиутот за демократија „Социетас Цивилис“ Марко Трошановски, за Алфа вели дека ЕУ останува цврста во однос на проширувањето, пред се со источното партнерство, односно Украина и Молдавија, а како резултат на таа истност тука влегува и Западниот Балкан. Она што е важно за Македонија во моментов е да се почека одлуката дали ќе има нова методологија за членство, со цел намалување на можностите билатералните проблеми да го усложнуваат европскиот пат.

-Мислам дека во септември она „State of the union“ обраќање, кое што ќе го има и Фон Дер Лајен и во кое што ќе се разговара новата методологија за проширување, секако го олеснува или го прави поефикасно пристапувањето на Западен Балкан, доколку методологијата биде променета на вистински начин. И мислам дека тука треба да биде показателот колку Унијата е сериозна кон Западниот Балкан. Најважно е да бидат што повеќе намалени можностите забилатералните вета во сите стапки на процесот на пристапување, изјави Трошановски.

Реклама

Реферндумот во Исланд секако претставува потрес за Брисел и удар на амбицијата за покомпактна Европската Унија, пред се бидејќи тоа може да има влијание и на Норвешка во однос на желбите за интеграција.

-Овој момент е прилично потресен за таа амбиција на Европската Унија, бидејќи ги руши плановите и сценаријата за онаа забрзана интеграција на целокупното соседство на Унијата, особено што доаѓа од земја која што е исклучително стабилна богата и просперитетна. Мислам дека во тој случај, евентуалното пристапување на Норвешка можно е да се проблематизира дополнително, изјави Трошановски.

Инаку, Исланд дефинитивно нема да стане 28. членка на Европската Унија, откако 52 отсто од граѓаните на референдумот се изјаснија против започнување пристапни преговори со Брисел. Одлуката претставува и сериозен политички удар за Владата на премиерката Криструн Фростадотир, која отворено го поддржуваше приближувањето кон ЕУ.

Матеја Петровски