Реклама

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода 

Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел,  молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини?

Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени.

Реклама

Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец.   Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил.

Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Доколку Министерството располагало со вакви информации, зошто јавноста не била информирана? Кој одлучил овие наоди да не бидат јавно презентирани? Кој ќе ја понесе одговорноста доколку имало институционални пропусти?

Очекуваме надлежните институции да ги разгледаат сите околности, да утврдат дали имало пропусти во постапувањето и, доколку се утврди одговорност, таа да биде соодветно санкционирана.

Граѓаните заслужуваат отчетност од сите, без разлика дали се на власт или во опозиција.