Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

32 години независна Македонија, но колку е независна?

Реферндумот од 8 септември е круна на историските напори за македонска самостојна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реферндумот од 8 септември е круна на историските напори за македонска самостојна држава.

Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија – изјави на 8 септември 1991 година, Киро Глигоров – прв претседател на Македонија.

32 години подоцна, слободна Македонија или само слабо ехо од крикот на Македонците кои животите ги дадоа за денеска,ние, да можеме да кажеме дека сме Македонци од Македонија, а можеме ли?

Реклама

Политичките гарнитури, слабата дипломатија, неадекватните политичари се чини дека онаа Македонија од 1991 година ја претворија само во избледена фотографија во сеќавањата на народот. Промена на знаме, атент на претседател, војна, смрт на претседател, промена на име, закон за двојазичност, вметнување на Бугарите во Уставот – ова е само дел што Македонија преживеа за триесетина години откако македонците се изборија за своите правдини.

Само 4 години по прогласувањето на Македонија за независна, во 1995 година на трети октомври се случи атентат врз претседателот Киро Глигоров. Во моменти додека сите во земјата беа преокупирани со неуспешниот обид за убиство на првиот човек на државата, во македонското Собрание, во кое тогаш владееше само една партија, во брза постапка се менува уставот, со цел промена на знамето, со што Македонија тогаш ги ослабна своите позиции во преговорите со Грција.

А само 6 години подоцна, Македонија стана земја каде пушките, куршумите и стравот беа секојдневие, започна внатрешниот воен  конфликт во државата –  во јануари ОНА ги нападна безбедносните сили на Македонија.

Конфликтот заврши во август истата година откако беше потпишан Охридскиот рамковен договор. По ова следуваа години кои може слободно да кажеме беа помирни од првите 10 независни. Така беше се до 2019-та.

Волјата на Македонците изразена 91-та година на еден начин беше срушена 28 години подоцна. И покрај неуспешниот референдум беше променето името на државата.

-Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, рече тогаш Зоран Заев – премиер на државата (12.01.2019)

По Преспанскиот договор, Македонија потпиша и договор за добрососедство со Бугарија, договор кој наместо да донесе добро, донесе само полошо за државата. Повикувајќи се на потпишаното од Заев и Борисов, официјална Софија сега го условува напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Се бараат големи отстапки од Македонија, кои пак за жал власта ги прави.

Но мачењето не завршува тука, покрај договорот, македонските политичари отидоа и чекор понатаму прифатија и нови барања од Бугарија, спакувани под името француски предлог.

Сегашниот премиер откако и Владата го изгласа францускиот предлог не убедуваше дека преговорите ќе започнале, а Македонија се’уште, се чини, подгрбавена, засрамена , чека ред за да го фати возот кон Унијата.

По 32 години, Македонија сигурно не е на патот, кој го замислуваа луѓето кои пред 30 години, речиси едногласно изгласаа независност. Дали Македонија ќе се исправи и гордо ќе зачекори кон европското семејство и иднината е прашање за чиј одговор, останува да се молиме.