Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Стојаноски до Тренчевска: Многу подобро се живее денес отколку кога вие ја водевте државата, тоа го потврдуваат сите економските показатели

„Еве денеска излезе еден податок дека годишната инфлација е 2,7%, нешто што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Еве денеска излезе еден податок дека годишната инфлација е 2,7%, нешто што во услови на ваква незапаметена криза е за почит. Исто така импонира и растот на градежништвото и на бруто домашниот производ. И сега јас го разбирам тоа дека ви рекле ајде еве темава е сензитивна. Никој од нас не кажува дека во државава се живее сјајно. Ние викаме дека имаме уште работа, но исто така никој не може да ни го одземе фактот и аргументите дека многу подобро се живее во моментов, отколку кога вие ја водевте државата“, изјави  Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание.

Стојаноски посочи дека минималната плата, опозициската СДСM во првите две години власт, ја покачила за 2.427 денари, додека ВМРО-ДПМНЕ за 3.479 денари, односно за 1.052 денари повеќе. Во однос на просечната плата, тој додаде дека во првите две години, СДСM ја покачила за 2.397 денари, а ВМРО-ДПМНЕ за две години, просечната нето плата ја покачи за 7.538 денари, односно за 5.141 денари повеќе.

„Е сега за оглед дека збориме за економија, секој од нас може да си кажува различни политички памфлети, празни зборови. Јас би сакал нешто да споредам. Првите две години власт на ВМРО-ДПМНЕ кога има сериозна енергетска криза и првите две години власт на СДСM кога немаше никаква криза и кога ја имавте целата поддршка од целиот свет. Ајде да одиме вака. Минимална плата СДСM за две години тогаш ја покачила за 2.427 денари. ВМРО-ДПМНЕ за 3.479 денари, односно 1.052 денари повеќе минималната плата ја покачувала ВМРО-ДПМНЕ, за две години, од тоа што го направи СДСM. Просечната плата за две години ја покачува за 2.397 денари, а ВМРО-ДПМНЕ за две години просечната исплатена нето плата ја покачила за 7.538 денари, односно 5.141 денари разлика повеќе покачена во ВМРО-ДПМНЕ за две години отколку за СДСM“, кажа Стојаноски и  додаде:

Реклама

„За две години СДСM раст на пензии 540 денари, ВМРО-ДПМНЕ – 6.805 денари просечно исплатена нето пензија, односно 6.265 денари повеќе. Ова се бројките и ова се резултатите’’, заклучи Стојаноски.