Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Свет

Затворени плажите во Сочи откако дрон погоди и запали танкер во Црното Море

Руското Министерство за транспорт соопшти дека поморски дрон погодил танкер во близина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Руското Министерство за транспорт соопшти дека поморски дрон погодил танкер во близина на рускиот брег на Црното Море, што предизвикало голем пожар и облак од црн чад. Властите притоа ги затворија плажите во одморалиштето Сочи и во соседната федерална територија Сириус.

Нападнатиот танкер пловел под либериско знаме.

„Сурова нафта гори на отворено во водите на Црното Море. Гаснењето на пожарот ќе започне штом ќе се намали неговиот интензитет и кога бродовите за спасување ќе можат безбедно да му пријдат на танкерот“, соопштија од Министерството.

Реклама

Оттаму додадоа дека е спасен целиот екипаж од 23 члена, сите државјани на Индија.

Русија и Украина оваа година ги засилија нападите врз комерцијални бродови во Црното Море. Вчера беа погодени два брода во ексклузивната економска зона на Бугарија, при што еден потона, а две лица загинаа откако беше нападнат брод со жито покрај брегот на Романија.