Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Учениците заминуваат: Од година во година сè повеќе празни столчиња во училиштата

Сè помалку првачиња има во училиштата низ државата. Тоа го покажуваат податоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè помалку првачиња има во училиштата низ државата. Тоа го покажуваат податоците што ги добивме од неколку општини. Бројот на учениците во прво одделение се намалил и по неколку десетици во однос на минатата учебна година.Така, во училиштата во една од најголемите скопски општини, Аеродром, годинава има 829 новозапишани ученици. Лани во истата општина имало 933 првачиња. Во општината Центар, пак, годинава имаат 564 деца во прво одделение, додека лани имале 609, првачиња.

Ситуацијата на територијата на општина Карпош, пак, навидум изгледа дека е подобра. Таму годинава се запишале 691 прваче, односно само 10 помалку од лани. Но, ако се земе во предвид дека општината опфаќа десет основни училишта и повеќе населени места, тогаш бројката е далеку од солидна.

Наведените податоци укажуваат дека главниот град веќе не е имун на празнењето на училишните клупи.

Реклама

„Минатите години се случуваше иселувањето повеќе да биде изразено другите градови. Но, во последно време сето ова почнува да се случува и во главниот град. Сè повеќе ученици се иселуваат, заедно со семејствата“, вели Маја Ивановска, педагог во основно училиште во Скопје.

Трендот на намалување на новозапишаните ученици е продолжение од минатите години и се случува на територијата на целата држава.

Во моето училиште во коешто работам, на пример, на почетокот од учебната година 2002/2003, бројот на ученици бил нешто над 1.300. Но, на почетокот од оваа учебна година, бројот на ученици е нешто повеќе од 880. Тоа значи дека во рок од 20 години, четвртина од учениците се отпишани, односно не се наши ученици“, објаснува Игор Богданоски, наставник ментор во општинското основно училиште „Блаже Конески“ во Прилеп.

Намалувањето на учениците води и кон затворање цели паралелки.

„Бројките се уште поалармантни во последните четири години. Четири одделенија се затворени. Тоа значи дека најмалку четворица наставници не се повеќе вработени во нашето училиште“, додава наставникот Богданоски.

Опасност од затворање училишта?

Затворањето на паралелките, пак, директно влијае и врз опстојувањето на училиштата.

„Законот за основно образование предвидува точна бројка на ученици во една паралелка. Тоа се од 20 до 30 ученици. Така што, ако продолжи овој тренд за намалување на учениците, во одредени училишта може да се случи намалување на паралелките. Понатаму, пак, дури и затворање училишта“, алармира педагогот Ивановска.

Тоа што сè уште дава надеж е посветеноста на самите наставници да пренесат знаење на децата што останале и во најмалите средини.

„Во руралните средини постојат училишта што имаат по едно, две или три деца. И, тие сè уште постојат. Тоа е поради ентузијазмот и на општината, и на наставниците, кои поминуваат и по 60 километри дневно за да стигнат и само за едно дете“, посочува наставникот Богданоски.

Ланската учебна година имало 1.500 ученици помалку

Според податоците на Државниот завод за статистика вкупниот број на ученици во основите училишта на почетокот од ланската учебна година бил 185.099 деца. Тоа е за околу 1.500 ученици помалку од годината претходно.

Целосните бројки за запишаните ученици во новата учебна година допрва ќе дојат. Но судејќи според досегашниот тренд, голема е веројатноста дека и годинава наставата ќе се одвива со многу празни клупи во училиштата.