Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Митинг на ДУИ во Чаир – Секој ја почуствувал „топлата рака на Али Ахмети“

Да, тој доаѓа, а кој доаѓа не се знае. Помпезно најавуваниот слоган…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да, тој доаѓа, а кој доаѓа не се знае. Помпезно најавуваниот слоган за митнгот на ДУИ во Чаир остана како реторичко прашање, ниту се знае кој ќе дојде, ниту за каква функција, а не се споменаа ни имиња. Она што се случи вчеравечер во срцето на Чаир се чини дека беше обичен митинг со цел ДУИ да демонстрира моќ. А токму и една од најсилните пораки на Ахмети беше за расколот во ДУИ и на чија страна е наклонет лидерот на партијата од Мала Речица.

  • „Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад! Ги почитувам одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности… Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда, затоа Артан, ние не сме воз туку незапирлив ураган, не дозволувајте ураганот да ве прегази“ рече Ахмети.

Топла рака, урагани, сплотување, единство беа само дел од политичката реторика вчера испратена до гласачите на интегративците.

  • „Секој жител на Чаир ја почувствувал топлата рака на Али Ахмети, инвестираше во образованието, формирање на кадри кои не прават горди, затоа му благодариме“ изјави Бујар Османи – ДУИ.
  • „Овде сме вечерва затоа што ни треба помирување и обединување, а не поделба. Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина“ рече Артан Груби – ДУИ.

Но наместо наводното помирување кое го понуди Груби на митингот во Чаир, страстите во партијата на Ахмети повеќе се разгореа. Една од причините е и што во бастионот на ДУИ не беше поканет неформалниот лидер на фракционерите Меџити кој според анкетите му дише во врат на Ахмети по рејтинг.

Реклама
  • „Такви изјави Ахмети не даде ниту против Мендух Тачи кога тој се обиде да му изврши атентат, ниту пак за оние лица кои се обидоа да го прогласат Ахмети за болен и неспособен. Не се обрати со толкава енергија ниту против други противници и непријатели. Каде отиде со ваков ураган? Па тоа на свои синови не се прави. На синови кои верно му служеле 20 години“ изјави Изет Меџити – фракција на ДУИ.

Дека една од целите на митингот беше токму мерењето на силите меѓу ДУИ и фракционерите е и самиот факт дека митингот беше огранизиран во Чаир, од каде силата ја влечат фракционерите, оти Меџити е од таму, а и моменталниот градоначалник на општината е дел од незадоволната група.

Мери Симоновска