Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Крајот на месецов експерти на УНЕСКО ќе извршат мониторинг во Охрид

Ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја на Унеско ќе предизвика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја на Унеско ќе предизвика сериозен удар врз локалната економија, а целосно ќе го стопира развојот на градот во секаква смисла на зборот-вели градоначалникот Пецаков,во пресрет на доаѓањето на претставниците на Унеско од 25-ти до 27-ми овој месец. За него се неприфатливи тезите на дел од екологистите и граѓанските активисти дека доколку не прогласат за подрачје во опасност,дури тогаш целото внимание ќе се насочело кон Охрид и оти ние требало да ја искористиме таа шанса, да ги најмиме сите експерти и да добиеме поддршка, вклучително и финансиска.Според Пецаков, работите не стојат така.

” Затоа што тогаш доаѓаат фондови, ама не фондови да му помогнат на Охрид и да спроведеме ние проекти за 15,20 милиони евра кои што ни се потребни, туку фондови за некој да ни држи нас предавања како треба и не смееме да го дозволиме тоа.Да, не е по се’ постапено да , за некои работи морало побрзо , да за некои работи можеби можело поинаку, но ние суштински сме постапиле во изминатиов период”-вели градоначалникот Пецаков.

Недвојбено Охрид не смее да го изгуби статусот под капата на Унеско,но некои работи мора да се променат,затоа што градот мора од нешто да живее.Престрогите критериуми кои го наметнува Унеско го спуштија прагот на толеранција и предизвикаа отпор кај граѓаните.

Реклама

“Седум  месеци кај Националаната комисија на Унеско не поминуваше индустриската зона со испочитувани сите параметри според планот за управување на Охрид.Ние мораме да имаме некаков развој, не мислам на урбан туку градот мора да има некаков развој, мора да живее.Ние немаме скијачки центар, немаме експресен пат до Свети Наум. Експресниот пат за Свети Наум кога го зборуваме,таков исти планински масив е Доломитите во Италија. Тој нема еден пат, тој е изрешетан со патишта. Сакам да кажам дека постојат подрачја, кои се под иста или слична заштита од УНЕСКО, а се постапува различно“-додава Пецаков.

За илустрација,во црногорскиот град Котор кој е исто така под Унеско, се гради жичара, а Охрид не смее да направи нити патеки за скијање на Галичица. Сепак Охрид мора да го сочува статусот од Унеско оти тоа е наша најголема продобивка вели Пецаков и очекува да бидат препознаени досегашните заложби и да ни дадат дополнителен рок од 2 години затоа што се потребни сериозни средства за исполнување на одредени пепораки.

Росица Голабоска