Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Прилози

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Во само една година ја загубил сопругата, изгубил дел од домот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во само една година ја загубил сопругата, изгубил дел од домот во кој избувнал пожар, а неодамна, работејќи низ дворот, се повредил, па сега не е способен ни за работа. По тригодишната безуспешна борба со опаката болест на сопругата, за чие лекување морал да продаде сè од поголемата земјоделска механизација и стоката, со кои си обезбедувале скромен живот, 54-годишниот Киро Димоски од селото Голем Радобил сега не знае кој крај да го фати за да преживее. Без никакви средства за живот и притиснат од болката поради личните трагедии, се надева на сочувствителната помош од хуманите луѓе.

„Јас бев на гости кај брат ми, на манастир, и ми се јави комшијата. Рече: „Кирца, каде си, што правиш, си запалил оган?“ Јас му велам: „Не сум дома, каков оган? Оди да не има нешто запалено.“ Тој веднаш истрча, а потоа ми се јави и ми рече: „Куќата гори.“ Му реков: „Собирај луѓе и гасете, додека стигнам, направете што можете.“ Собрал народ, дошле уште двајца-тројца, го пуштиле цревото преку прозорецот“, раскажува Киро Димоски, сопственик на опожарената куќа од селото Голем Радобил.

Сомнежите се дека пожарот избувнал од продолжниот кабел на кој биле приклучени пералната и електричниот шпорет. Од таа просторија пламените јазици брзо се прошириле и во другите соби, кои, пред смртта на сопругата, ги реновирале. Во пожарот изгорел добар дел од покуќнината и облеката, а речиси сите простории се исчадени.

Реклама

„Немам никакви примања. Работев во „Дрекслер“, но самоволно ја напуштив работата. Имав некоја идеја тука да почнам да работам. Но, се повредив, така што сега останав како што ме гледате – не сум способен за работа. А да сум, не е проблем, ама не сум“, вели Димоски.

Повредата на кичмата, освен што му е сериозен здравствен проблем, му претставува и голем финансиски товар, бидејќи нема здравствено осигурување и се лекува приватно. Дури и едно одење до прилепската болница го чини две илјади денари, бидејќи патува со такси, затоа што Голем Радобил е оддалечен речиси 27 километри од Прилеп.

„Отиде жената, отидоа и парите. Сега сум на нула. Уште едно приколиче ми остана и едно магарче за да си наберам дрва за дома. Тоа е сè што имам… Како се лекувам – јас си знам и душата моја. Дај ми 1.000 денари, дај ми 2.000, ене ги апчињата, пијам пет вида апчиња, сè е приватно, здравствено немам“, ни рече Кире.

И покрај несреќите што го снашле, сега инвалидниот Кире е скромен човек. Вели дека ќе биде благодарен за секоја помош, било финансиска или материјална, и искрено се надева дека хуманите граѓани ќе му помогнат да си го обнови домот. А за понатаму, вели, како што пишал Господ, така нека биде.

Ако текстот е за телевизиски прилог, може да се лекторира и според новинарски/ТВ-стил, за да звучи поприродно при читање на глас.