Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

Политичкиот театар на СДСМ, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот театар на СДСМ, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДСМ, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик.

Лошиот политички театар на СДСМ, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, другите демонстративно ги одбиваа, а во суштина сите работат за ист исход, да нема договор.

Реклама

Тоа е добро осмислено сценарио на СДСМ, Левица и ДУИ, а не политичко несогласување.

СДСМ, Левица и ДУИ немаат интерес да се усвојат современи изборни правила, ниту да се олесни гласањето на македонската дијаспора. Наместо реформи, тие избираат блокади, калкулации и политички пресметки.

Причината е јасна, а тоа е подготовка на сопствено алиби за следниот изборен циклус.

Едните ќе се повикуваат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите ќе зборуваат за условите за изборна кампања, а третите ќе тврдат дека не била почитувана волјата на граѓаните. Тоа се изговорите што однапред ги подготвуваат затоа што немаат аргументи.