Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мазнева за Алфа: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ беше разрешена од директорската фукнција. Со вакво тврдење денеска излезе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која на нејзино место го назначи Гоце Трајковски. Таа рече дека секој што не работел како треба ќе биде разрешен, оти ниту една позиција не била загарантирана.

  • Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ.

Наводите се премногу паушални и општи и ќе се докажат во некои идни постапки. Ова за Алфа го изјави екс директорката на скопски „Комуналец“, Косана Мазнева, која не сакаше да коментира туѓи изјави. Рече дека ако некој правел матни зделки, допрва ќе се дознае вистината.

  • Туѓи изјави навистина не можам да коментирам, ама она што може да кажам барем додека бев на чело на претпријатието се. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците. Причините се премногу општи и паушални, рече Мазнева Николиќ. 

Конкретно на прашањето дали станува збор за местење на тендери, Мазнева рече дека дека сите наводи што се кажани од било кој треба да се проверат, и ако има такво нешто институциите, да постапат.

Реклама

Пред да ја разреши, градоначалничката Данела Арсовска, за екс директорка на „Комунална хигиена“, не штедеше пофални зборови. Јвно ја фалеше дека е храбра жена, која се спротивставува на мафијаши, и дека Мазнева-Николиќ, направила нешто, што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече и дека во ова јавно претпријатие, луѓе со години не оделе на работа, возеле камиони во Германија, а земале плата од Македонија. Овие информации и Мазнева денеска за Алфа ги потврди како точни. Таа беше директор на „Комунална хигиена“ од јули минатата година.

Борис Грујоски