Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Заврши седуммесечниот Американско-македонски клуб за културна размена

Американско-македонскиот клуб за културна размена, иницијатива на Општина Пехчево, го заокружи своето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американско-македонскиот клуб за културна размена, иницијатива на Општина Пехчево, го заокружи своето седуммесечно функционирање, оставајќи значаен белег во образовниот и културниот развој на младите во општината.

Проектот, целосно финансиран од локалната самоуправа, се реализираше во рамки на ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, со поддршка на партнери и волонтери од повеќе институции.

-Неговата цел беше да го поттикне учењето на англискиот јазик и да ја продлабочи културната размена меѓу учениците, информираа од училиштето. 

Реклама

Во текот на програмата, повеќе од 120 ученици од прво до деветто одделение учествувале во различни воннаставни активности, прилагодени според возраста.

-Активностите опфатија развој на говорни вештини по англиски јазик, интерактивно учење преку игри инспирирани од американскиот образовен пристап, како и работа на заеднички проекти со ученици од Соединетите Американски Држави, додадоа од ООУ „Ванчо Китанов” Пехчево.

Завршницата на проектот беше одбележана на 4 и 5 мај, кога околу 80 ученици добија сертификати за нивната посветеност и континуирано учество, а во рамки на настаните беше одржан и евалуациски состанок на проектниот тим, на кој беа разгледани резултатите, предизвиците и идните насоки.

Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански оцени дека проектот претставува значаен чекор кон унапредување на јазичното образование и меѓукултурното разбирање кај младите, додавајќи дека ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднина.