Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира завршен настан од проектот „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“, финансиран од Европската Унија.
-Настанот ќе собере претставници на Европската Унија, националните и локалните институции, проектните партнери, експерти, граѓански организации и засегнати страни, кои ќе ги разгледаат постигнувањата на проектот и неговиот придонес кон зајакнувањето на управувањето со квалитетот на воздухот во Северна Македонија, најави Министерството.
Програмата ќе опфати воведни обраќања, презентација на главните резултати и препораки на проектот, како и размена на мислења за приоритетите за одржување на постигнатиот напредок и унапредување на спроведувањето на барањата на ЕУ во областа на квалитетот на воздухот.

