Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Засилени инспекциски контроли, „прочешлани„ се 80% од големите маркети

Инспекторите засилено на терен, од почетокот на годинава посетиле дури 80% од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекторите засилено на терен, од почетокот на годинава посетиле дури 80% од продажните места на големите маркети, а засилени контроли има особено во последниве две недели.

Засега не се забележани поголеми промени на цените, ниту во маркетите, ниту кај трговците и добаувачите.

„Забележани се поскапувања на одредени производи, но тоа е поради покачување на цената на влезните фактури, кои пак се зависни од цената на увозниците. Се очекува во следниот период намалување на цените на зеленчукот, овошјето, јајцата и лебот“, информираат од „ДПИ“.

Реклама

И од Комисијата за заштита на конкуренцијата тврдат дека во моментов законот за фер трговски практики се применувал во целост и не биле забележани отстапувања.

„Засега трговците и добавувачите се движат во рамки на законските обврски. Нашите контроли се насочени само кон односот добавувач – трговец. Крајната цена не зависи од законот за трговски практики, бидејќи маржата е пазарно регулирана и таа не е под наша надлежност“, велат од Комисијата за заштита на конкуренцијата“.

Единствено позначително поскапување од по околу 10% засега има кај јајцата и маслото. Од Министерството за економија велат дека тоа е резултат на берзански раст на цените на сировините.

Министерството е подготвено да реагира со прецизни и насочени мерки доколку се детектираат неоправдани ценовни отстапувања. Приоритет останува заштитата на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории, соопштуваат од Министерството за економија.

Надлежните тврдат дека за некој ден на пазарот ќе се појават и македонски раноградинарски производи, со што се очекува цената на краставицата, зелката и компирот да се намали. Се очекува и поголем принос од живината во пролетните месеци, со што директно ќе се влијае на цената на јајацата.