Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Заменик-министерот Ристески учествуваше на панел дискусија во рамки на Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 Скопје

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија во рамки на Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 Скопје кој е во организација на UN Women. На панел дискусијата со работен наслов „Заедничко обликување на иднината на бизниси водени од жени“, покрај Ристески учество зедоа и Бен Нупнау – заменик амбасадор на Делегацијата на Европска Унија, Весна Ивановиќ-Кастаред – раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија и Валентина Дисоска – претседателка на Асоцијата на бизнис жени на Македонија, се наведува во соопштенито од Министерството за економија и труд.

На панелот соговорниците дискутираа за состојбите со женското претприемништво во Македонија, развојот на компаниите водени од жени и надминување на административните бариери со кои се соочуваат во нивното делување.

Ристески во своето обраќање се осврна на активностите на Владата и министерството за економија и труд преку кои се промовира и поддржува подобрувањето на финансиската вклученост на жените во економската сфера, пред се во зголемувањето на пристапот до изворите на финансирање за започнување и проширување на бизниси, бидејќи тоа создава можности за поголемо претприемништво, инвестирање и активно учество во економијата. Тој апелираше до присутните да ги следат јавните повици и активните мерки на министерствата кои се наменети за женските претприемачи, да аплицираат и да ги искористат поволностите кои ги нуди Владата на Македонија.

Реклама

Министерството за економија и труд и понатаму ќе поддржува и креира политики, мерки и активности кои ќе придонесат кон унапредување и промоција на финансиската вклученост на жените, како дел од пошироките напори за создавање одржлив и инклузивен економски развој.

Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 е организиран од страна на UN Women во Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а истиот е финансиран од програмата на Европската Унија „ЕУ за родова еднаквост: Економско зајакнување на жените и стопирање на насилството против жените“ (EU4GE).