Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Италија во земјава, Паоло…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери. Се разговараше за преструктуирањето на Министерството и за зајакнувањето на институционалните капацитети, со фокус на формирањето на сектор за меѓународна соработка и европски фондови. Во таа насока, амбасадорот ја потврди подготвеноста на Италија да го поддржи обучувањето на административниот кадар за управување со и искористување на европските фондови, соопштија вечерва од Министерството за односи меѓу заедниците.

– На средбата се разговараше и за образовната и економската соработка, вклучително и за размена на студенти во различни програми, како и за можностите за искористување на италијанските искуства во различни области на економскиот развој, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји. Евроинтегративниот пат на Македонија беше истакнат како еден од главните приоритети, при што беше нагласено значењето на поддршката и искуството на Италија во овој процес. Двете страни изразија подготвеност за натамошно продлабочување на институционалната, економската, образовната и европската соработка – се додава во соопштението.