Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Гаши ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието – Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпишал Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, поранешните претседатели на Собранието биле информирани за идејата и целта на одлуката на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година.

Целта на формирањето на Советот, како што се наведува во соопштението, кој ќе функционира како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието, унапредување на парламентарната практика и демократијата, како и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на законодавниот дом.

Реклама

На средбата биле разменети мислења и за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата.