Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Македонија, со чии законски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Македонија, со чии законски измени почнува постапката за укинување на техничката влада, денеска е пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, во образложението вчера пред пратениците истакна дека  преодната, односно техничката влада за спроведување избори на пратеници во Собранието, воспоставена како законски модел односно привремено решение во услови на изразена политичка и институционална криза, имаше цел обезбедување консензус за организирање и спроведување на изборни процеси.

Ваквиот модел, како што рече, произлезе од политичките договори постигнати во 2015 година и првпат беше применет при подготовката и одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и во наредните изборни циклуси.

Реклама

Заменик-министерот потренцира дека предложеното законско решение со одложната примена, има цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.

– Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата, како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог-закон се воспоставува јасна  и применлива  правна рамка, која ќе гарантира фер и транспарентни избори преку институциите основани со Уставот и законите, и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото. Со предложеното законско решение се воспоставува стабилна и предвидлива правна рамка со која се уредува, се воспоставува стабилна и реална, односно техничка влада до денот на објавувањето на конечните резултати и распределба на мандатите по изборни единици од Државната изборна комисија за првите по ред избори за пратеници во Собранието на Р. Македонија спроведени по денот на влегување во сила на овој закон, по што се создаваат услови за негово укинување – нагласи Јаќимоски. 

На овој начин, како што посочи, се обезбедува спроведување на фер, слободни транспарентни избори преку институциите основани во согласност со Уставот и законите, се зајакнува институционалната стабилност и се овозможува целосна реализација на демократскиот легитимитет на Владата како носител на извршната власт. Потенцира дека во јавен интерес на граѓаните и државата се предвидува рационално, одговорно и транспарентно користење на јавните финансии.

Досега имаше три технички влади. Првата во 2016 беше предводена од Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, втората во 2020 предводена од Оливер Спасовски од СДСМ и третата во 2024 предводена од Талат Џафери од ДУИ.

Преодна Влада подразбира дека сто дена пред избори актуелниот премиер поднесува оставка. Се формира нова Влада на чело со друг премиер предложен од власта, а во Владата влегуваат и пет функционери од опозицијата: двајца министри – за внатрешни работи и за социјална политика, и тројца дополнителни заменик-министри – за финансии, за земјоделство и за јавна администрација. Власта, пак, има дополнителни министри во двата ресора каде што министерот е од опозицијата.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за пратениците по скратена постапка, со кој се предвидува кандидатот за пратеник да има само државјанство на Република Северна Македонија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, по скратена постапка.

На седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за пратениците, сите по скратена постапка.